MK/Prabhupada 0251 - Гопиите се вечни пратители на Кришна



Lecture on BG 2.6 -- London, August 6, 1973

Целото упатство од Бхагавад Гита е: Не треба да делувате за себе, туку треба да делувате за Кришна. Така да само и борење за Кришна или дури да се направи нешто одбивно за Кришна... Исто како гопиите. Гопиите биле привлечени од Кришна. Кришна бил младо момче, многу убав и гопиите биле млади девојки. Тоа е само така, однадвор гледано. Всушност, гопиите се вечни пратители на Кришна. „Ānanda-cinmaya-rasa-pratibhāvitābhiḥ„ (Бс. 5.37). Тие се Кришнини експанзии, Кришнини експанзии на неговата моќ за задоволство. Тие се наменети за Кришнино задоволство. Тие не се обични жени. Однадвор, само треба да научиме како да го сакаме Кришна, по цена на се... Затоа, гопиите биле привлечени од Кришна на полноќ. Кришна почнал да свири флејта и тие постанале приврзани и го напуштиле својот дом. Некои од нив биле заклучени. Го напуштиле својот живот. Биле толку привлечени. Инаку, таквиот вид на однесување, ако младите девојки... Според, Ведската цивилизација, тиа не можат да ја напуштат заштитата на таткото, мажот или братот. Не, не можат да одат. Особено на полноќ. И тоа било против Ведските принципи. Тоа е како некаков вид на проституција. Но, бидејќи тоа било направено за Кришна, Господин Чаитанја Махапрабху препорачал: „Ramyā kācid upāsanā vraja-vadhubhiḥ kalpitā“. „Нема подобар тип на обожување, од она кое го примениле гопиите од Враџа. Vraja-vadhu“. Најзлобно. Младата девојка да ја остави грижата за сопругот, таткото и да оди кај друго младо момче, по Ведската култура, тоа е најзлобно/најлошо. Но, сепак бидејќи центарот на се бил Кришна, прифатено е како најголем вид на обожување. Тоа е свесност за Кришна. Треба да научиме, како да делуваме само за Кришна, како да го сакаат само Кришна. Тогаш нашиот живот е успешен. И човечкиот живот... Затоа, затоа што сме дошле од Ваикунтха, пред неколку милиони години. Anādi karama-phale. Anādi значи креација. Ние живите суштества сме вечни. Дури и кога креацијата е уништена, после милион и трилион години, живите суштества не се уништени. „Na hanyate hanyamāne śarīre“ (БГ 2.20). Тие остануваат. И кога целата космичка креација е уништена, живите суштества ќе останат во телото на Вишну. Тогаш кога друга креација, повторно ќе се создаде, тогаш ќе излезат да ги исполнат своите желби. Вистинската желба е како да се вратиме назад дома, назад кај Бог и таа можност е дадена. И ако таа можност остане неискористена, овој живот, овој облик на човечки живот, постанува многу ризичен. Повторно ќе мораме да го прифатиме циклусот на раѓање и смрт. И не само тоа, ако не ја исполниме мисијата на човечкиот живот, тогаш повторно ќе има уништување на целата креација и ќе мораме да останеме во телото на Вишну, милиони и трилиони години. Повторно ќе мораме да дојдеме. И затоа се вели: „anādi karama-phale“. Anādi значи „пред креацијата“. Тоа се случува. Кришна лично доаѓа, да не подучи нас, своите заблудени чеда. Кришна е многу нетрпелив да не врати назад, назад дома, назад кон Бога. Ние сме дел од Кришна. Замислите, ако вашиот син скита по улиците, зар не би биле: „Ох, може да има нкоја несреќа и јадниот дечко може да биде убиен“. И тогаш вие излегувате, обидувајќи се да го најдете. Слично на тоа и Кришна е во истата положба. Ние сме во овој материјален свет, едноставно страдајќи, живот после живот. ВDuḥkhālayam aśāśvatam“ (БГ 8.15). Ова место е мизерно. Под дејство на маја - илузијата, мислиме дека оваа мизерна состојба на животот е среќа. Тоа се нарекува, маја. Но, е...Нема среќа во овој материјален свет, се е мизерно. Што порано разбереме дека се е мизерно во овој материјален свет и што побрзо се подготвиме да го напуштиме материјалниот свет и да се вратиме дома, назад,...тоа е тогаш нашата смисла. Инаку, што и да работме, едноставно сме поразени. Затоа што ја пропуштаме главната цел. „Na te viduḥ svārtha-gatiṁ hi viṣṇum“ (ШБ 7.5.31). Durāśayā. Ние сме, со надежта против надежта - која никогаш нема да биде исполнета - се обидуваме да ги средиме работите, за да постанеме среќни без Свесноста за Кришна. Тоа никогаш нема да биде... „Na te viduḥ svārtha-gatiṁ hi viṣṇuṁ durāśayā“. Durāśayā значи „Надежта која никогаш нема да биде исполнета“.