MK/Prabhupada 0260 - Со диктат на сетилата ние извршуваме грешни активности живот по живот

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Со диктат на сетилата ние извршуваме грешни активности живот по живот
- Prabhupāda 0260


Lecture -- Seattle, September 27, 1968

Обидете се практично да сфатите, колку се сетилата важни. Не е дека само млади луѓе се слуги на сетилата. Дури и личности од седумдесет и пет години, осумдесет години или во моментот на смртта се слуги на сетилата. Сетилата не се никогаш задоволни. Тоа е материјална контрола. Затоа, јас сум слуга. Слуга сум на своите сетила и служејќи ги нив, нит сум јас задоволна, нити моите сетила се задоволни, нити се задоволни со мене. Тоа е хаос. Тоа е проблем. Затоа, најдобро е... Затоа Кришна вели, Гооспод Кришна вели:„Sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja, ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo mokṣayiṣyāmi mā śucaḥ“ (БГ 18.66). Си ги служел своите сетила, многу животи, живот после живот, 8,400,000 видови на живот. Птиците се исто, под контрола на сетилата. Животните исто, под контрола на сетилата. Човекот, човечкото суштество и секое, полубоговите, секој во овој материјален свет, секој е преокупиран со сетилата, служење на сетилата. Но, Кришна вели:„Ти само предади ми се Мене. Само согласи се да Ме служиш и Јас ќе се погрижам за тебе“. Тоа е се. „Ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo mokṣayiṣyāmi mā śucaḥ“. Затоа по наредба на сетилата, ние правиме грешни делатности живот после живот, и затоа сме на различни нивоа на телесна презентација. Немој да мислите дека сите се со ист стандард. Не. Во склад со своето делување, личноста добива тело, од одреден вид. Разните видови на тело се поради различните нивоа, на задоволување на сетилата. Задоволување на сетилата постои и во телото на свињата. Зошто тогаш добил тело на свиња ? Толку многу сетилно уживање, што не се разликува кој е мајка, кој е сестра или кој е ова или она. Тоа е практично, ќе видите. Кучињата и свињите се такви. Во човечкото општество има многу, на кои не им е грижа, кој е мајка, кој е сестра,...итн. Сетилата се толку силни. И тоа е причина на сите мизерии и неволји, обидете се да раберете. Трикратните неволји, поради кои страдаме и поради кои бараме решенија, се тука поради наредбите на сетилата. Затоа, Кришна е тука. Кришна е тука. Неговото име е Madana-mohana. Ако се обидеш да ја пренесете својата љубов со сетила, на Кришна, ќе го видите Кришна. Веднаш ќе најдеш. „Sevonmukhe hi jihvādau“ (Брс. 1.2.234). Тој лажен напор: „Сакам да бидам господар, на се околу мене“, „Јас сум цар на се околу себе“, тој став треба да се напушти. Изворно, секој од нас е слуга. Во сегашниот момент, ние сме слуги на сетилата. А, тоа служење треба само да се пренасочи на Кришна. „Sevonmukhe hi jihvādau svayam eva sphuraty adaḥ“. И штом ќе го пренасочиш своето служење кон Кришна, тогаш постепено, како постануваш искрен, Кришна ќе ти се разоткрие и размената на службата, помеѓу тебе и Кришна ќе биде толку убава. Можете да Го сакате како пријател, господар или љубовник или...Има многу начини. На било кој начин, можеш да се обидеш да го сакаш и да видиш колку си задоволен. Ова е движење за свесност на Кришна. Ве молам разберете го тоа.