MK/Prabhupada 0259 - Повторно да се втемелите на трансцедентално ниво на служење на Кришна



Lecture -- Seattle, September 27, 1968

Може ли некој на овој состанок да каже, дека не е слуга на некој или на нешто ? Мора да биде, затоа што тоа е негова изворна положба. Но, проблемот е во тоа што служејќи ги нашите сетила, не наоѓаме решение за неволјите и бедите. За некое време, можеме да се задоволиме земајќи опојни средства и под дејство на опојното средство можам да мислам, дека: „Не сум ничиј слуга. Јас сум слободен“, но тоа е вештачки. Штом халуцинацијата помине, тој повторно доаѓа до точка дека е слуга. Повторно слуга. Значи тоа е нашата положба. Но, зошто оваа борба е тука? Приморан сум да служам, но јас не сакам да служам. Што е решението? Решението е Свесност за Кришна. Ако постанете слуга на Кришна, тогаш вашата аспирација да постанете господар и во исто време Вашата аспирација да бидете слободни е моментално остварена. Како што овде гледате една слика на Арџуна и Кришна. Кришна Севишниот Господ. Арџуна е жива единка, живо суштество, човечко суштество, но тој го сака Кришна, како пријател. Во замена за неговата пријателска љубов, Кришна постанал негов возач, негов слуга. Слично на тоа, ако секој од нас повторно се втемели на трансцедентално ниво, на сакање на Кришна, нашето тежнеење за господарење ќе биде исполнета. Тоа сега не е познато, но ако се согласиме да го служиме Кришна, тогаш постепено ќе видиме дека Кришна не служи нас. Тоа е прашање на реализација. Ако сакаме да се ослободиме од служењето на овој материјален свет, служење на сетилата, тогаш мораме да го пренесеме нашиот став за служење, на Кршна. Тоа се нарекува Свесност за Кришна. „Kāmādīnāṁ kati na katidhā pālitā durnideśās teṣāṁ mayi na karuṇā jātā, na trapā nopaśāntiḥ sāmpratam aham labdha-buddhis tvām āyātaḥ niyuṅkṣvātma-dāsye„. Еден бхакта се моли на Кришна, велејќи:„Цел живот ги служам своите сетила“. Kāmādīnām. Kāma значи сетила, страст. „Дури и она што не треба да го чинам, го сторив по наредба на мојата страст“. Личноста тоа мора да го прави. Кога е роб или слуга , тогш тој е присилен да работи нешто, што не сака да работи. Присилен е. Овде бхактата признава: „Работев по наредба на мојата страст, нешто што не требаше да правам, но го правев“. Во ред, го стори тоа, ги служиш своите сетила. Тоа е во ред. „Но, неволјата е дека eṣāṁ karuṇā na jātā na trapā nopaśāntiḥ“. Толку многу служев, но гледам дека не се задоволни. Тие не се задоволни. Тоа е мојата потешкотија. Ниту се сетилата задоволни, ниту јас, ниту се сетилата доволно љубезни, да ми дадат олеснување и пензија од служењето. Тоа е мојата положба“. Да го видев ова, да осетевме дека: „Ги служев моите сетила толку многу години, сега моите сетила се задоволни...“. Не. Тие не се задоволни. Сеуште наредуваат. Сеуште наредуваат. „Јас сум многу...„. Секако, тоа е природно, но можам овде да откријам, дека еден од моите студенти рече дека, во постари години, неговата мајка ќе се оамжи. Само гледајте. Има три пораснати деца. И некој се буни што негивата баба се омажила исто така. Зошто? Само погледајте. Со седумдесет и пет години, со пеесет години, сетилата се сеуште толку силни, да диктираат: „Да, мораш тоа да го сториш“.