MK/Prabhupada 0262 - Секогаш мислиме дека нашата Служба не е потполна
Lecture -- Seattle, September 27, 1968
Тамала Кришна: Прабхупада, што ако знаеме дека требаме да служиме и сакаме да слжиме, но службата е така лоша. Прабхупада: Да. Никогаш не мислите дека службата е совршена. Тоа ќе ве одржи на совршено ниво. Да. Секогаш треба да мислиме дека нашата служба не е потполна. Да. Тоа е многу убаво. Како што Чаитанја Махапрабху не подучувал...Велел дека: „Драги мои, пријатели, ве молам слушнете дека немам ни малку верба во Кришна. Ако ме прашате, зошто плачам, одговорот е само да се покажам, како голем бхакта. Всушност, немам ни малку љубов за Кришна. Ова плачење е едноставно Моја представа, само шоу“. „Зошто така говориш?“. „Сеуште живеам, а сеуште не сум го видел Кришна. Тоа значи дека немам љубов за Кришна. Сеуште живеам. Требаше да умрам уште одамна, затоа што не го видов Кришна“. Ние треба така да размислуваме. Тоа е пример. Колку и да сте совршени во служењето на Кришна, треба секогаш да знаете дека... Кришна е неограничен и твојата служба, не може совршено да го досегне. Секогаш ќе остане несовршена, затоа што ние сме ограничени. Но, Кришна е толку љубезен. Ако искрено му понудите и мала служба, Тој прифаќа. Тоа е убавината на Кришна. „Svalpam apy asya dharmasya trāyate mahato bhayāt“. И ако Кришна прифати мала служба од тебе, твојот живот е славен. Значи, не е возможно да се сака Кришна совршено, да се служи, затоа што Тој е неограничен. Има процес на обожување на Ганга, во Индија. Реката Ганга се смета за света река. И луѓето ја обожуваат Ганга, реката Ганга, со земање на вода од Ганга и нудејќи ја. Да замислиме дека, во еден мал сад, сад или рака, земате малку вода од Ганга и со вашата посветеност и мантра ја понудите на Ганга? Значи, земате чаша вода од Ганга и и ја нудите на Ганга, каде е тука, добивката, профитот или губитокот за Ганга? Ако земете чаша вода од Ганга и повторно ја понудите, што е добивката и профитот на Ганга? Но, вашиот процес, вашата верба, вашата љубов за мајката Ганга: „Мајка Ганга, ти нудам малку вода “, тоа се прифаќа. Слично, што ние имаме да му понудиме на Кришна? Се му припаѓа на Кришна. Сега ги понудивме овие овошја. Дали овие овошја, ни припаѓаат нам? Кој ги произвел овие овошја? Дали јас тоа го произведов? Има ли некаков мозок од човечките суштества, кој може да произведе овошје, житарици, млеко? Тие се многу големи научници. Сега нека произведат. Кравата јаде трева и дава млеко. Зошто, со научен процес не ја преобразите тревата во млеко? Сепак, овие ништожници нема да се сложат дека постои Бог. Гледате? Постанале такви ништожници: „Наука“. А што е вашата наука, бесмислица? Гледате како кравите пасат трева и даваат млеко. Зошто не дадете трева на вашата сопруга и земете млеко од нејзе? Зошто купувате млеко? Ако понудите трева на човечкото суштество, тоа ќе умре. Така се, законот на Кришна, законот на Бог, функционира, а тие сепак, велат: „Бог е мртов. Нема Бог. Јас сум Бог“. Така правите. Постанале такви ништожници и будали. Зошто не дојдат на овој собир? „Ох, Свамиџи говори за Бог, застарени работи ( смеење ). Ајде да откриеме нешто ново“. Гледате? А, доколку некој говори само бесмислици, тогаш: „Ох, тој е...“. Говорел четири часа за нула. Само погледнете. Некој во Монтреал, еден господин: „Свамиџи, тој е така прекрасен, говорел четири часа на нула“. Тие се такви будали што четири часа сакале да слушаат за нула. Гледате? ( смеење ) Каква е вредноста на нулата? А го изгубиш своето време, четири часа? После се, тоа е нула. Луѓето тоа го посакуваат. Луѓето тоа сакаат. Ако кажеме едноставни работи: „Господ е голем. Ти си слуга, вечен слуга. Ти немаш моќ. Ти секогаш си зависен од Бог. Само, насочете го вашето служење кон Бог и ќе бидеш среќен“. „Ох, тоа не е убаво“. И тие сакаат да бидат измамени. Затоа, толку многу измамници доаѓаат, мамат и си одат, тоа е се. Луѓето сакаат да бидат измамени. Не сакаат едноставни работи.