MK/Prabhupada 0278 - Посветеник Значи Некој што Прифаќа Дисциплина



Lecture on BG 7.2 -- San Francisco, September 11, 1968

Сега ова знаење може да биде разбрано од лице кое има направено контакт со Кришна и е предадена душа. Без да се биде предаден, многу е тешко да се разбере контролорот и енергиите, како Тој контолира сè. Tubhyāṁ prapannāya aśeṣataḥ samagreṇa upadekṣyāmi. Ова е условот. Ќе најдете во следните поглавја дека Кришна вели, nāhaṁ prakāśaḥ sarvasya (БГ 7.25). Исто, ако влезете во било која образовна институција, ако не ги прифатите правилата и прописите на институцијата, како ќе добиете добробит од знаењата што ги дава институцијата? Секаде , каде и да сакате да примите нешто, треба да бидете контролирани, или треба да се предадете на правилата и прописите. Исто како и на нашиот час, ние даваме некои лекции од Бхагавад Гита и ако не ги следите правилата и прописите на часот, невозможно е да го примите знаењето. Слично, целосното знаење на контролорот и на процесот на контролирање, може да се разбере кога некој ќе се предаде, како Арџуна на Кришна. Ако некој не е предадена душа, тоа е невозможно. Секогаш треба да се сеќавате, дека Арџуна му се предал на Кришна. Śiṣyas te 'haṁ śādhi māṁ prapannam (БГ 2.7). Кришна исто така му зборува нему.

Всушност, оваа дискусија од списите не би требало да се глуми, освен ако нема врска помеѓу презентерот и публиката. Публика значи посветениците. Посветеник, значи кој прифаќа дисциплина. Śiṣya. Śiṣya. Точниот збор на Санскрит е śiṣya. Śiṣya значи ... Има глагол, санскритски глагол кој се вика śās. Śās значи контролирање. Од śās, доаѓа "śāstra". Śāstra значи книги за контролирање. И од śas, śastra. Śastra значи оружје. Кога аргументот ќе падне, причината паѓа... Исто како државната контрола. Најпрво тие ви даваат закони. Ако ги прекршите законите, ако не ги следите правните книги, значи śāstra, тогаш следниот чекор е śāstra. Śastra значи оружје. Ако не ги следите правилата на владата, следите право, тогаш таму е полициското копче – śāstra. Вие треба да сте контролирани. Ако сте господин, тогаш ќе бидете контролирани под инструкциите на śāstra. Ако се спротивставувате, тогаш таму е тризабецот на Дургадеви. Сте ја виделе сликата на Дургадеви, тризабецот, трите беди. Неможете, сакам да кажам, да ги прекршувате било кои правила и прописи; слично на врховната држава Кришна. Тоа е невозможно. Само земете како пример некои здрави навики. Ако јадете повеќе, тогаш ќе бидете контролирани од некои болести. Ќе имате проблеми со варењето и докторот ќе ве посоветува да не јадете три дена. Тоа е контрола. Во природата, природа значи Божји закони, автоматски работи. Будалестите луѓе не ги гледаат Божјите закони, но постојат Божји закони. Сонцето изгрева точно навреме, месечината изгрева точно навреме. Првата годинина, приви Јануари, доаѓа точно навреме.

Значи постои контрола. Но, будалестите луѓе не го гледаат тоа. Сè е контролирано. Да го знаеме Бог и како работите се одвиваат и како тие се контролирани, овие работи треба да се знаат. Не би требало да одиме едноставно со чувства. Религиозното чувство е добро за луѓе што слепо го следат. Но во сегашниов момент, луѓето се понапредни во таканареченото образование. Бхагавад Гита ви дава целосни информации така да може да го прифатите Бог со ваши причини, со ваш аргумент и со ваше знаење. Не е слепо следење. Свесноста за Кришна не е сентимент. Поддржано е со знаење и практично знаење. Vijñānam. Jñānam vijñāna sahitam. Значи, без vijñāna sahitam ... Процесот е да се разбере ова знаење, да се биде предадена душа. Затоа, ние ... Посветеник, посветеник значи некој што прифаќа дисциплина. Без прифаќање дисциплина, ние не можеме да направиме никаков напредок. Не е возможно. Било кое поле на знаење, било кое поле на активности, ако сакате да бидете свесни, научно и фактички, тогаш треба да ги прифатите принципите на контролирање. Samagreṇa vakṣ ya svarūpaṁ sarvokaraṁ yatra dhiyaṁ tad ubhaya-viṣayakaṁ jñānaṁ vyaktum.