MK/Prabhupada 0279 - Всушност Ние им Служиме на Парите



Lecture on BG 7.2 -- San Francisco, September 11, 1968

Сега тука, во ова поглавје, ова е точно објаснето, кој е севишниот обожуван објект. Ние обожуваме. Во согласност со нашите капацитети, ние обожуваме некого. На крајот на краиштата, ние го обожуваме нашиот шеф. Да претпоставиме дека јас работам во канцеларија или фабрика, јас треба да го обожувам шефот, треба да работам по неговите наредби. Секој обожува. Сега кој е севишниот обожуван објект, Кришна, како Тој е севишниот обожуван објект, тоа е објаснето во ова поглавје. Ya svarūpaṁ sarva karaṁ ca yac ca dhiyāṁ tad ubhaya-viṣayakaṁ jñānaṁ vyaktum atra bhakti-pratijñānam Така, ако ние разбереме дека тука е севишниот контролор, тука е севишниот обожуван објект, тогаш проблемите во нашиот живот се решени одеднаш. Ние бараме... Пред некој ден, ви раскажав една приказна, кога еден Мухамедански посветеник, сакал да му служи на најдобриот. Тој му служел на Наваб, и отишол кај императорот, Бадшах, потоа од кај императорот до Харидаса, света личност и од кај Харидаса тој бил унапреден да го служи Кришна во Вриндаван.

Треба да бидеме љубопитни, доволно интелигентни. Ние служиме. Секого, ние служиме, на крајот на краиштата ние им служиме на нашите сетила. Секој, практично, не му служат на некој шеф или некој газда, тие им служат на нивните сетила. Да претпоставиме ако јас му служам на некој како на мој шеф, всушност јас не му служам на таа личност, туку им служам на неговите пари. Ако тој рече: „Утре треба да работиш беспари. Ти добиваш дваесет долари дневно. Утре јас ќе немам пари. Ќе мора да работиш беспари“. „А не, не господине. Нема да дојдам бидејќи јас не ви служам вас; јас им служам на вишите пари“. Всушност ние им служиме на парите. И зошто им служите на парите? Бидеќи со парите ќе може да си ги задоволиме нашите сетила. Беспари, не можеме да ги задоволиме нашите... овие незаситни сетила. Ако сакам да пијам, ако сакам да уживам во таа и таа работа, тогаш ми требаат пари. Така ултимативно јас им служам на сетилата.

Така Кришна е наречен Говинда. Ние ултимативно сакаме да ги задоволиме нашите сетила и Го значи сетила. Тука е личноста, Севишната Божествена Личност. Ако му служите на Кришна, тогаш вашите сетила ќе бидат задоволени. Затоа Неговот име е Говинда. Всушност, ние сакаме да им служиме на нашите сетила, но вистинските сетила, трансцеденталните сетила се Кришна, Говинда. Затоа, бхакти, посветеното служење, значи: прочистување на сетилата. Да се биде вработен во служба на севишното чисто. Господ е севишното чисто. Во Бхагавад Гита, во Десеттото Поглавје ќе најдете дека Кришна е опишан од Арџуна, pavitraṁ paramaṁ bhavān (БГ 10.12-13):„Ти си Севишното чисто“. Ако сакаме да им служиме на сетилата од севишното чисто, тогаш ние треба да станеме чисти исто така. Бидејќи без... Да се биде чист, значи духовен. Духовен живот значи чист живот, а материјалниот живот значи нечист живот. Исто како што го имаме ова тело, материјално тело. Ова е нечисто тело. Затоа ние страдаме од болести, страдаме од староста, страдаме од раѓањето, страдаме од смртта. И всушност во нашата чиста форма, духовна форма, таму нема такво страдање. Нема раѓање, нема смрт, нема болести и нема старост. Во Бхагавад Гита прочитавте, nityaḥ śāśvato 'yaṁ na hanyate hanyamāne śarīre (БГ 2.20). Nitya. Иако сум најстар, бидејќи го менувам телото... Јас сум како душа, чист. Немам ни раѓање, немам ни умирање, но јас само го менувам телото. Затоа јас сум најстар. Иако јас сум најстар, ја имам мојата нова свесност. Јас сум секогаш млад. Тоа е мојата позиција.