MK/Prabhupada 0305 - Ние велиме Бог е мртов. Ние треба да ги Оттргнеме Нашите Очи од Оваа Илузија



Lecture -- Seattle, October 2, 1968

Прабхупада: Продолжи.

Тамала Кришна: „Живото суштество е како молекуларениот дел од сончевата светлина, каде Кришна е споредуван со пламтечкото сјајно сонце. Господ Чаитанја ги споредил живите суштества со пламтечките искри на огнот, а Севишниот Господ на пламтечкиот оган на сонцето. Во врска со ова, Господ го цитира стихот од Вишну Пурна, во кој се вели дека сè што се манифестира во овој космички свет е само енергија на Севишниот Господ. На пример, како што огнот од едно место ја шири неговата светлина и топлина наоколу, така Господ, иако се наоѓа на едно место во духовниот свет, ги манифестира Неговите различни енергии насекаде.“

Прабхупада: Сега, ова е многу едноставно. Обидете се да разберете. Исто како овој оган, оваа ламба, се наоѓа на одредено место, но осветлувањето се шири низ целата просторија, слично што и да гледате, прикажано од оваа космичка манифестација, тие се покажани од енергијата на Врховниот Господ. Врховниот Господ е сместен на едно место. Тоа го цитираме во нашата Brahma-saṁhitā:: govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi. Тој е личност. Исто како и вашиот претседател, господинот Џонсон. тој седи во неговата соба во Вашингтон, но неговата моќ, неговата енергија, дејствува низ целата држава. Ако е можно материјално, слично на Кришна, или Бог, Врховната личност, Сместен во Негово живеалиште, Ваикунта или Божјото царство, но Неговата енергија дејствува. Друг пример, сонцето. Сонцето, можете да видите дека сонцето се наоѓа на одредено место, но гледате дека сонцето го преплавува целиот универзум. Сонцето е во вашата соба. Слично, што и да користите, вие самите исто така, сите ние ја прикажуваме енергијата на Севишниот Господ. Ние не се разликуваме од Него. Но, кога облакот од маја или илузија го покрива моето око, не можеме да го видиме сонцето. Слично на тоа, кога материјалниот концепт на животот не покрива, не можеме да разбереме што е Бог. Ние велиме дека Бог е мртов. Значи, мораме да ги оттгнеме нашите очи од оваа илузија. Тогаш директно ќе го видите Бог: „Еве го Бога“. Да. Во Brahma-saṁhitā се вели:

premāñjana-cchurita-bhakti-vilocanena
santaḥ sadaiva hṛdayeṣu vilokayanti
yaṁ śyāmasundaram acintya-guṇa-svarūpaṁ
govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi
(Бс. 5.38).

Таа Врховна Божја Личност, Тој е Шјамасундара. Шјамасундара. Śyāma значи црно, но многу, многу убава. Таа прекрасна личност, Врховната Личност, Кришна, светите луѓе секогаш ја набљудуваат и гледаат. Premāñjana-cchurita-bhakti-vilocanena. Зошто гледаат? Затоа што нивните очи се прочистени со мирото на Божјата љубов. Исто кога твоите очи се болни, нанесуваш некоја маст, некој лосион од лекарот, а видот ти станува јасен и светол, многу убаво ги гледаш работите. Слично, кога вашите, овие материјални очи ќе бидат намачкани со љубов кон Бога, тогаш ќе го видите Бог: „Еве го Бога“. Нема да кажете дека Бог е мртов. И таа прекривка треба да се премести, и за да ја преместите таа прекривка, треба да го преземете ова движење за свесноста за Кришна.

Ви благодарам многу.