MK/Prabhupada 0304 - Маја не може да ја прекрие највисоката целина



Lecture -- Seattle, October 2, 1968

Прабхупада: Продолжете. Тамала Кришна: "Ова истовремено, исто и различно, секогаш постојат во врската помеѓу живите суштества и Врховната душа.“ Прабхупада: Сега ова истовремено исто и различно, само земете го истиот пример, земјиштето. Некој вели: „О, го видов тој дел е вода.“ А друг вели: „Не, видов дека истиот дел е земја.“ Истовремено исто и различно. Истовремено исто и различно. Нашата позиција е ... Бидејќи сме духовна душа и Кришна, Бог, е дух ... Тој е духовна целина, а јас сум делче од тој дух. Исто како сонцето, сончевата планета и сончевите зраци, молекули од сјајни честички, тие исто така се сончева светлина. Комбинацијата на оние атомски честички на сонцето ни даваат сончеви зраци. Ние, исто така светиме како честичките на сончевата планета, но, ние не сме еднакви со целото сонце. Светлечките честички, молекулите на сончевите зраци, не се еднакви по квантитет со сончевата планета, но во квалитет се исти. Слично на тоа, ние живите суштества, ние сме многу мали честички на таа врховна духовна душа, Кришна или Бог. Затоа и ние светиме. Ние сме со ист квалитет. Исто како мала честичка од злато, е злато. Таа не е железо. Слично на тоа, ние сме духовна душа; затоа ние сме едно. Но, бидејќи сум многу мал ... Исто како и истиот пример. Маргиналниот дел е многу мал, понекогаш тој е прекриен со вода. Но, голем дел од земјата, тоа е без вода. Слично на тоа, маја може да прекрие многу мал дел од духовната душа, но маја не може да ја прекрие највисоката целина. Исто како и истиот пример, небото, сонцето. Сонцето, дел од сонцето, е покриено со облак. Но, ако одите со авион, џет, над облаците, ќе најдете дека сонцето е без облаци. Облакот не може да го прекрие целото сонце. Слично на тоа, маја не може да ја прекрие највисоката целина. Маја може да ги прекрие малите честички на Брахман. Теоријата, теоријата на Мајавадите дека: „Сега сум прекриен со маја. Штом ќе се откријам, ќе станам едно со целото ...“ Ние сме едно со целината на ист начин. Исто како сончевите зраци и сончевата планета, не постои никаква разлика во квалитетот. Каде и да има сонце, има сончеви зраци, но малите честички, молекулите на сончевите зраци, никогаш не се еднакви со целата сончева планета. Тоа го опишува Чаитанја Махапрабху во ова поглавје.