MK/Prabhupada 0310 - Исус е Претставник на Бога, а Хари-Нама е Бог
Lecture -- Seattle, October 2, 1968
Прабхупада: Да?
Махапуруша: Прабхупада, дали има некакво спротиставено мислење, затоа што Господ Исус Христос и Господ Чаитанја се појавија во Кали-југа, а Господ Исус Христос рекол дека „Единствениот пат до Бога е преку мене. Само верувај во мене или предај ми се“ и Господ Чаитанја поучуваше дека hari-nāma е единственото средство за духовно остварување во ова време?
Прабхупада: Па каде ја наоѓате разликата? Ако Господ Исус Христос вели: „Преку мене“, тоа значи дека тој е претставник на Бога, а hari-nāma е Бог. Значи или преку претставникот на Бога или преку Бога, истото е. Бог и божји претставник, нема разлика. Дури и во овие обични зделки, ако испратам некој претставник, ако потпише нешто во мое име, Морам да го прифатам тоа, бидејќи тој е мој претставник. Слично, на Бог треба да му се пристапи на Него лично или преку Неговиот претставник. Истото е. Само разликата може да биде во разбирање. Затоа што Господ Исус Христос зборуваше во општество кое не беше многу напредно. Можете да разберете дека толку голема личност, личност свесна за Бога, била распната. Погледнете во каква состојба е општеството. Со други зборови, тоа беше општество со низок степен. Така тие не беа во можност да ја разберат целата Божја филозофија. Тоа е доволно. „Господ создаде. Само земете го“. Тие не биле интелигентни за да разберат како се случило создавањето. Да беа интелигентни, немаше да распнат толку голема личност како Исус Христос. Значи, треба да разбереме каква е состојбата на општеството. Исто како што во Куранот е кажано од Мухамед дека „Од овој ден немате сексуални односи со вашата мајка“. Гледајте во каква состојба е општеството. Затоа, треба да ги земеме предвид времето, околностите, општеството, а потоа и проповедањето. Значи, за такво општество не е можно да се разберат високите филозофски работи, како што е наведено во Бхагавад-гита. Но, основниот факт, авторитетот е Бог, кој е прифатен и во Библијата и во Бхагавад-гита. Библијата започнува: „Бог е врховен авторитет“, а Бхагавад-гита заклучува: „Вие се предавате“. Каде е разликата? Едноставно описот е според времето, општеството, местото и луѓето. Тоа е се. Тие не се Арџуна. Гледаш? Значи, работите што треба да бидат разбрани од Арџуна, не било возможно од лица кои го распнале Господ Исус Христос. Мора да учите во тоа светло. Истото е. Речник, џебен речник, детски речник и речник, меѓународен речник, и двата се речници, но вредноста е различна. Тој речник е наменет за класата деца, а тој речник е наменет за средношколци. Но, ниту за еден од нив не може да се каже дека не е речник. Тоа не можете да го кажете. И двата се речници. Значи, треба да го земеме предвид времето, местото, личностите, сè. Исто како и Господ Буда, тој едноставно рече „Престанете со ова бесмислено убивање на животни“. Тоа беше неговата пропаганда. Тие беа луѓе на толку ниско ниво, што едноставно уживаа во убивањето животни. За да ги воздигне, Господ Буда сакаше да ја запре оваа бесмисленост: „Ве молам престанете да убивате“. Така, во секое време различен претставник на Бог, или Бог, доаѓа да ги поучува луѓето во различни околности. Според околностите, може да има некоја разлика во објаснувањето, но примарниот фактор останува ист. Господ Буда рече: „Во ред, не постои Бог, но вие предајте ми се“. Тогаш каде е разликата? Тоа значи дека треба да се прифати Божјиот авторитет на овој или оној начин.