MK/Prabhupada 0322 - Телото е Доделено од Бог Според Вашата Карма
Lecture on SB 1.15.40 -- Los Angeles, December 18, 1973
Ни беше дадено од Севишниот татко: „Сега ова е вашата Америка. Ова е вашата Индија“. Но, ништо не му припаѓа на Американецот или на Индиецот. Му припаѓа на таткото, Севишниот татко. Освен ако не се освестат „Таткото ми даде да уживам, како да е мое, но всушност му припаѓа на татко ми...“ Ова се нарекува свесност за Кришна. Ова се нарекува свесност за Кришна.
Затоа, оние кои се свесни за Кришна, целосно свесни дека „Ништо не ми припаѓа мене. Сè му припаѓа на..."īśāvāsyam idaṁ sarvaṁ yat kiñca“ (Ишо Мантра 1). „Дури и најмалата работа, дури и атом, што му припаѓа на Бога. Јас не сум сопственик“. Ако ова ви има смисла, тогаш сте слободни. Тоа е наведено во Бхагавад-гита,
- māṁ ca yo 'vyabhicāreṇa
- bhakti-yogena sevate
- sa guṇān samatītyaitān
- brahma-bhūyāya kalpate
- (БГ 14.26).
Ропството е guṇamayī māyā, обвиткано од квалитативните одлики на природата. Тоа е ропство. Но, ако некој е ангажиран во посветена служба, тој не е веќе под ропство, бидејќи ги знае работите какви што се. Така... Исто како што сум странец и сум... Дојдов во вашата земја. Ако тврдам дека „Оваа земја е моја“, тогаш ќе има проблеми. Но, ако знам дека сум дојден како посетител или како странец, нема да има проблеми. Можам слободно да се движам. Можам да ги добијам сите поволности од владата на Соединетите Држави. Без проблеми. Слично, доаѓаме овде како патник, како посетител, во овој материјален свет, и ако тврдиме дека „Овој материјален свет ми припаѓа мене“, или на група луѓе, или некој нација, тоа се нарекува незнаење.
Движењето на свесноста за Кришна значи да се тргне ова незнаење, да ги направи луѓето интелигентни „Ништо не ти припаѓа тебе. Сè му припаѓа на Бога“. Ова е општиот процес, откажување, Махараџа Јудхиштира, вели ... Бидејќи како што веќе објаснив, затоа што сме премногу апсорбирани во концепцијата на аханкара, „Јас сум ова тело и се што е во врска со ова тело е мое“. Ова е илузија, моха. Ова се нарекува моха, илузија. Janasya moho 'yam. Moha значи илузија. Ова е илузија. Каква е оваа илузија? Ahaṁ mameti: (ШБ 5.5.8) „Јас сум ова тело и се што е во врска со него е мое“. Ова се нарекува моха, илузија. Телото дури и не му припаѓа нему, бидејќи телото е доделено од Бог според вашата карма. Исто како и според вашата уплата, сопственикот ви дава стан. Станот не ви припаѓа. Тоа е факт. Ако плаќате 500 долари неделно, добивате многу убав, добар стан. И ако платите 25 долари, тогаш добивате уште еден. Слично, различни типови на тела имаме ... Сите што ги имаме, се различен тип. Ова е стан. Всушност, тоа е стан затоа што живеам во ова тело. Јас не сум ова тело. Тоа е упатство од Бхагавад-гита. Dehino 'smin yathā dehe (БГ 2.13). Asmin dehe, таму е дехи, окупатор, а не сопственик. Окупатор. Како и во секој стан, окупаторот е еден, а сопственикот е друг. Слично на тоа, ова е стан, ова тело. Јас сум духовната душа, окупатор. Сум го изнајмил според уплатата или според кармата.