MK/Prabhupada 0332 - Може да Биде Многу Мирно во Целиот Свет



Room Conversation -- April 27, 1976, Auckland, New Zealand

Може да биде многу мирно во целиот свет. Едноставно погрешно менаџирани од страна на измамничките водачи. Во спротивно, луѓето можат да живеат многу мирно, да јадат раскошно, да заштедат време, и нема потреба од запирање на голите животни потреби. Има распоред за јадење, спиење, сексуален живот исто така. Но, не како будали и измамници. Како разумни луѓе. Но, модерната цивилизација, е неразумна, луда цивилизација. Има мало задоволство во сексуалниот живот - едноставен сексуален живот, зголемете го сексуалниот живот, расипете се. Тоа е лудост. Јадење - јадете се, секакви глупости и станете свиња. Спиење - о, нема ограничување, дваесет и четири часа спиење ако е можно. Продолжи, ова се случува. Јадење, спиење, парење. И одбрана - и откријте атомско оружје, ова оружје, тоа оружје, и убивате невини лица, непотребно, што се бранат. Ова се случува. Но, сè може да се користи правилно во мирна состојба и кога ќе станете мирни, без нарушување, тогаш можете многу среќно да пеете Харе Кришна и вашиот живот станува успешен. Ова е нашата програма. Не сакаме да спречиме ништо. Како може да се запре? Какви и да се неопходни... Исто како земавме sannyāsa. Што е тоа? „О, немаме само сексуален живот, инаку и јадеме, и спиеме. Тоа и се прекинува во длабока старост. Во старост, ако човек како мене, на осумдесет години, да купував за сексуален живот, дали изгледа многу добро? Млади мажи, дозволено им е. Тоа е во ред. Но, еден старец оди во клуб и троши толку многу пари за сексуалниот живот. Затоа, на помладата генерација, им е дозволен живот од дваесет и пет до педесет години. Тоа е сè. После тоа, престанете со сексуалниот живот. Всушност, тие сакаат да го намалат населението. Тогаш зошто секс? Не, ќе имаат сексуален живот, во исто време, нема население, убијте ги децата. Што е тоа? Едноставно грешен живот. Ќе страдаат, ќе продолжат да страдаат. Затоа сакаме да го запреме тоа страдање. Овие измамници не разбираат. Тие мислат: „Движењето на Харе Кришна е вознемирувачко“. Цивилизација на измамници. Затоа, да се потрудиме. Што може да се направи? Вие исто така му помагате на движењето. Затоа, не го расипувајте движењето со измислување на топла вода. Не правете го тоа. Продолжете на стандарден начин, чувајте го своето тело чисто; тогаш движењето сигурно ќе биде успешно. Но, ако сакате да го упропастите со необични идеи, тогаш што да се прави? Ќе се упропасти. Ако имате необични идеи и не се согласувате и се карате меѓу себе, тогаш тоа ќе биде уште едно издание на овие таканаречени движења. Ќе ја изгуби духовната сила. Секогаш запомнете го. Неможеш... Сега, всушност, луѓето се изненадени: „Каква моќ има оваа мантра Харе Кришна што толку брзо се менува? А од друга страна, треба да се признае, освен ако нема моќ, како се менува? Ние мора да ја задржиме таа моќ. Не правете го тоа обична музичка вибрација. Тоа е друга работа, духовна. Иако изгледа како музичка вибрација, но таа е духовна, целосно. Mantrauśadhi-vaśa. Дури и со мантра, змиите можат да бидат шармирани. Мантрата не е обична звучна вибрација. Мораме да ја задржиме моќта на мантрата, моќна, со ненавредливо пеење, останувајќи чисти. Ако ја загадите мантрата, тогаш таа ќе го изгуби својот ефект.