MK/Prabhupada 0355 - Ви говорам нешто револуционерно
Lecture on SB 5.5.1-8 -- Stockholm, September 8, 1973
Kāmān значи животни потреби. Можете многу лесно, да ги добиете вашите животни потреби. Со обработување на полето, же добиете житарици. Ако таму има крава, ќе добиете млеко. Тоа е се. Тоа е доволно. Но, лидерите прават план, ако се тие задоволни со својата земјоделска работа, малку житарици и млеко, рогаш кој ќе работи во фабриките? Затоа, тие наплаќаат данок, за да не можеш да живееш, едноставен живот - тоа е позицијата. Дури и ако тоа го сакаш, модерните лидери, нема тоа да ти го дозволат. Ве тераат да работите, како кучиња, свињи и магариња. Тоа е тој став. Но, сепак, мораме да се воздржиме од ваква, непотребно напорна работа. Може да се случи,Владата да превземе мерки против мене, затоа што зборувам нешто револуционерно. Да. Но, тоа е факт. Зошто треба да работите? Бог направил провизија за птиците, ѕверовите, животните, мравките и ако сум јас посветеник на Бог, Тој нема да ми даде храна? Што направив лошо? Затоа, немојте да бидете вознемирени, поради тоа. Ќе ги имате сите свои животни потреби, но останете цврсти во вашата решителност во свесноста за Кришна. Немојте да бидете вознемирени, од ова бесмислено верување. Благодарам многу.