MK/Prabhupada 0396 - Смисла за Молитвите на Кралот Кулашекара



Purport to Prayers of King Kulasekhara, CD 14

Овој стих, молитва е земен од една од книгите позната како Мукунда-мала-стотра. Оваа молитва била понудена од еден крал, чие име било Кулашекхара. Тој бил голем крал, а во исто време голем бхакта. Има многу примери во историјата на Ведската литература, за кралевите кои биле големи посветеници и се нарекувани rājarṣīs. Rājarṣīs значи, иако се на кралски престол, тие се свети личности. И овој Кулашекхара, Крал Кулашекхара се молел на Кришна: „Мој драг Кришна, лебедот на мојот ум, може да биде заробен, со стеблото на Твоите лотосови стапала. Затоа што, во моментот на смртта, трите елементи на телесните функции, како слузта и жолчката и воздухот, ќе се преклопуваат и така доаѓа до гушење на гласот, така да не ќе можам да го изречам, твоето слатко Свето име, во моментот на смртта“. Споредбата се дава на тој начин што, белиот лебед, секогаш кога ќе најде лотосов цвет, тој оди таму и со спортско нуркање во водата, се испреплетува во коренот на лотосот. Така, Кралот Кулашекара сака да во здравата фаза, на неговиот ум и тело, тој може да биде непосредно вплетен во клунот на лотосовите стопала на Господ и веднаш да умре/ Таа идеја е дека личноста треба да влезе во свесноста за Кришна, додека неговиот ум и тело е во добра состојба. Немојте да чекате, да се најдете во последната фаза од вашиот живот. Само практикувајте Свесност за Кришна, додека вашето тело и ум се во здрава состојба, а тогаш, во моментот на смртта ќе бидете во можност, да го запаметите Кришна и Неговите забави и веднаш ќе бидете пренесени во духовното царство.