MK/Prabhupada 0392 - Значењето на Баџај Вината од Нарада Муни



Purport to Narada Muni Bajay Vina -- Los Angeles, September 22, 1972

Nāma amani, udita haya, bhakata-gītā-sāme. Ова е песна што ја пееше Бхактивинода Тхакура. Целта на песната е дека Нарада Муни, големата душа, вели дека свири на својот жичан инструмент наречен вина. Вина е жичен инструмент што го носи Нарада Муни. Тој свири на инструментот кој го вибрира звукот радхика-рамана. Друго име на Кришна е Радхика-Рамана. Штом почнал да удира по жиците, веднаш сите посветеници почнале да му одговараат, и настанала многу убава вибрација. Amiya dhārā variṣe ghana. И кога пеењето почна со жичаниот инструмент, се чини како да има порој од нектар, и сите посветеници, тогаш во екстаза, танцуваа до нивно потполно задоволување. Потоа, додека танцуваа, се чинеше дека тие се опиени со пиење на пијалокот наречен мадхури пура. И како што еден стана речиси луд од пиење, слично, во екстаза, сите посветеници станаа луди. И некои од нив плачеа, а некои од нив танцуваа, а некои од нив, иако не можеа да танцуваат јавно, тие танцуваа во своето срце. На овој начин, Господ Шива веднаш го прифатил Нара Муни, и почна да зборува со екстатичен глас. Гледајќи го Господ Шива, танцувајќи со Нарада Муни, исто така се придружи и Господ Брахма, и тој почна да вика: „Сите вие, љубезно пејте харибол, харибол!“ На овој начин, постепено кралот на небото, Индра, исто така, им се придружил со големо задоволство и почна да танцува и пее, "hari hari bol." На овој начин, преку влијанието на трансценденталните вибрации на светото Божјо име, целиот универзум стана екстатичен, а Бхактивинода Тхакура вели: „Кога целиот универзум стана екстатичен, тогаш моите желби беа задоволени, и затоа се молам на лотосовите стапала на Рупа Госвами, нека ова пеење на хари-нама да продолжи вака убаво.“