MK/Prabhupada 0405 - Демоните не можат да разберат дека Господ може да биде личност. Тоа е демонски

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Демоните не можат да разберат дека Господ може да биде личност. Тоа е демонски
- Prabhupāda 0405


Lecture on SB 7.7.30-31 -- Mombassa, September 12, 1971

Демоните не можат да разберат, дека Бог може да биде личност. Тоа е демонско. Тие не можат... Бидејќи, не можат да разберат, тешко е, демонот го споредува Бога со себе. Др.Жаба, тоа е приказната за Др.Жаба. Др.Жаба се обидува да го разбере Атлантскиот океан, споредувајќи го, со својот бунар, кој е голем три фити. Тоа е се. Кога му јавиле, дека постои Атлантски Океан, почнал едноставно да го споредува, со својот ограничен простор. „Можеби има четири фити или можеби се пет фити, може се десет фити?“ - затоа што се наоѓа помеѓу три фити. Неговиот пријател го информирал: „Ох, јас видов огромен резервоар за вода, голема вода“. Значи, тој сеуште погодува, за тој бескрај: „Колку голем може да биде бескрајот?“ „Мојот бунар е три фити, може да биде четири фити, пет фити“ - сега тој продолжува. Но, тој може така понатаму, милиони метри и понатаму е поголем. Тоа е друга работа. Затоа, безбожните личности - демони мислат на свој начин, Кришна може да биде таков, Кришна може да биде таков, Кришна може да биде ваков. Воглавном, тие мислат дека Кришна сум Јас. Како тоа велат? Кришна не е голем. Тие не веруваат, дека Бог е голем. Тој мисли дека, Бог е толку добар, како што Јас сум исто Бог. Тоа е демонско.