MK/Prabhupada 0417 - Среќни во Овој Живот и Следниот Живот



Lecture & Initiation -- Seattle, October 20, 1968

Затоа, земете го ова Движење за свесност за Кришна и бидете среќни во овој живот и во следниот живот. Ако можете да ги завршите вашите љубовни размени со Кришна, во овој живот, тогаш целосно сте завршиле. Ако не, колку и да проценти сте завршиле во овој живот, тоа ќе остане со вас. Нема да оди. Тоа е осигурено во Бхагавад Гита, да: „Śucīnāṁ śrīmatāṁ gehe yoga bhraṣṭo sañjāyate“ (БГ 6.41). Оној кој не може да го изврши овој јога процес, во потполност, тој во следното раѓање, добива шанса, да се роди во богато семејство или да добие раѓање, во многу чисто семејство. Две алтернативи. Или добиеш раѓање во чисто семејство или богато семејство, а ако ништо друго, твоето раѓање како човечко суштество е загарантирано. Но, ако не го прифатиш, ова Движење за свесност за Кришна, ти не знаеш, кое е твоето, следно раѓање. Постојат 8,400,00 различни видови на живот, а и ти можеш да бидеш преселен, во било кој од нив. Ако си преселен, да постанеш дрво...Токму како што видов во Сан Франциско. Тие рекле: „Ова дрво стои овде, седум илјади години“. Тие стојат на клупата, седум илјади години. Момчињата се понекогаш казнети од учителите во школото: „Стои на клупата“. Овие дрва се казнети: „Стои“, по законот на природата. Поради тоа, постои шанса да се постане дрво, постои шанса да се постане куче, мачка или дури стаорец. Толку многу животи има таму. Немојте да ја пропуштите оваа можност, за човечки облик на живот. Усовршете ја вашата љубов кон Кришна и постанете среќни во овој и во следниот живот.