MK/Prabhupada 0419 - Иницијацијата значи трет степен на свесност за Кришна



Lecture & Initiation -- Seattle, October 20, 1968

Затоа, оваа иницијација значи трет степен на Свесноста за Кришна. Оние кои се иницирани, тие требаат да запаметат дека требаат да ги следат, правилата и прописите. Исто како кога човекот сака да се излечи од одредена болест, тој мора да ги следи прописите кои му ги дал докторот и тоа ќе му помогне, да се опорави од болеста, многу брзо. Затоа, овие четири приниципи, рестрикции требаат да бидат следени и да се мантра, барем шеснаесет кругови дневно и постепено ќе се втемелат во уверувањето и ќе имаат приврзаност и вкус, а потоа љубовта од Кришна, автоматски...Таа е тука во секое срце. Љубовта од Кришна, тоа не е непозната работа, која ние ја наметнуваме. Не. Таа е таму, насекаде, во секое живо суштество. Инаку, како овие американски момчиња и девојчиња би ја земале, ако не е таму? Таа е таму. Јас едноставно помагам. Исто, како шкорчињата, оганот е присутен и некој може да помогне, со едноставно триење, тоа е се. Оган е присутен. Не можеш да добиеш оган со триење на две дрва, ако ја нема, таа хемикалија на врвот. И, Свесноста за Кришна е таму, во сечие срце. едноставно мораме да ја оживееме со вакво дружење, дружење свесно за Кришна. Па не е, ниту тешка, ниту непрактична, нити непријатна. Се е убаво. Затоа, нашата молба до секој е да го земе овој великодушен поклон од Господ Чаитанја, Движењето за свесност за Кришна и мантрањето на Харе Кришна и ќе бидете среќни. Тоа е нашиот програм. Ви благодарам многу.