MK/Prabhupada 0482 - Умот е средство за приврзаност



Lecture -- Seattle, October 18, 1968

Умот е средство за врзаности. Ако сте приврзани кон некого, некое момче, некоја девојка, некоја личност ... Општо земено, стануваме приврзани за некоја личност. Безличната приврзаност е лажна работа. Ако сакате да бидете приврзани, таа врзаност мора да биде лична. Зарем тоа не е факт? Безлична приврзаност... Не можете да го сакате небото, но можете да го сакате сонцето, можете да ја сакате месечината, можете да ги сакате ѕвездите, бидејќи тие се лица сместени на одредени места. И ако посакате да го сакате небото, тоа е многу тешко за вас. Треба да дојдете повторно до сонцето. Јога системот, кулминира во совршенство, во љубов... Мора да сакате некого, личност. Тоа е Кришна. Исто како тука, има слика. Радхарани го сака Кришна и ги нуди своите цвеќиња на Кришна, а Кришна свири на Неговата флејта. Секогаш можете да мислите на оваа слика. Тогаш постојано ќе бидете во јога, самадхи. Зошто безлично? Зошто нешто, нешто празно? Празнина не постои. Ако мислите дека нешто е празно, ќе има некоја светлина, некои бои, шаренило, толку многу работи ќе најдеме. Но, тука е и формата. Како може да ја избегнете формата? Тоа не е можно. Тогаш зошто не го концентрирате вашиот ум на вистинската форма, īśvaraḥ paramaḥ kṛṣṇaḥ sac-cid-ānanda-vigrahaḥ (Бс. 5.1), на Врховната Божествена Личност, контролорот, Врховен контролор, кој има тело? Како? Виграхах, виграхах значи тело. И какво тело? Sac-cid-ānanda, вечно тело, исполнето со блаженство, исполнето со знаење. Тоа тело. Не како, тело како ова. Ова тело е полно со незнаење, полно со страдања и не е вечно. Токму спротивното. Неговото тело е вечно; моето тело не е вечно. Неговото тело е полно со блаженство; моето тело е полно со страдања, секогаш нешто ме вознемирува - главоболка, забоболка, оваа болка, онаа болка. Некој ми прави лични проблеми. Премногу... Адхиатмика, адхибхаутика, преголема вруќина, многу студено, толку многу работи. Ова тело е секогаш под влијание на трите беди, ова материјално тело.