MK/Prabhupada 0462 - Ваишнава Апарадха е голема навреда

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Ваишнава Апарадха е голема навреда
- Prabhupāda 0462


Lecture on SB 7.9.7 -- Mayapur, February 27, 1977

Прабхупада: Ваишнава апарадха е голема навреда. Го знаете Амбариш Махараџ. Тој бил посветеник и тој... Дурваша, бил многу горд на своја јога моќ и направил навреда на стапалата на Амбариш Махараџ и бил казнет од Кришна, со праќање на сударшан чакрата. Тој барал помош од многумина - Брахма, Вишну. Можел да отиде, директно на Вишнулока, но не бил помилуван. Морал да дојде, кај Ваишнавата, Амбариш Махараџ и да падне, пред неговите лотосови стапала. И, секако, Ваишнавата веднаш му простил. Значи, Ваишнава апарадхата е голема навреда, hātī-mātā. И затоа треба да бидеме многу внимателни кај Ваишнава апарадхата. Не требаме... „Arcye viṣṇu śilā-dhīr guruṣu nara-matir vaiṣṇava-jāti-buddhiḥ“ (Падма Пурана). Vaiṣṇava-jāti-buddhiḥ е исто така голема навреда, голема навреда. Исто така, да се мисли дека, гуруто е обично човечко суштество е голема навреда, исто така. Да се мисли дека Божеството е направено од метал, камен, тоа е...Тоа се навреди. Sa nārakī. И затоа треба да бидеме многу внимателни со регулативните принципи и да ги следиме чекорите на Ваишнавите. Mahājano yena sa gataḥ. Немојте да мислите, дека Прахлад Махараџ е обично момче. Треба да научиме од Прахлад Махараџ, како да напредуваме во посветеното служење. Ви благодарам многу. Посветеници: Џаја, Прабхупада.