MK/Prabhupada 0640 - Ќе најдете неранимајковци што се претставуваат себеси како Бог
Lecture on BG 2.30 -- London, August 31, 1973
Ei rūpe. Има многу, многу милиони и трилиони живи суштества во овој универзум. И тие се ротираат во различни видови на живот, 8.400.000 - на овој начин, несреќно. Едноставно повторување, раѓање и умирање, раѓање и умирање во различни ... Од нив, ако некој е најсреќен, дадена му е можност, guru-kriṣṇa-prasāde pāya bhakti-latā-bīja. Со милоста на гуру и Кришна, тој го добива семето на посветеното служење. И ако е интелигентен, освен ако е интелигентен, инаку како ќе го добие семето? Тоа е иницијација. И ако се полева ... Исто како кога имате убаво семе, треба да го посеете и да му ставите малку, малку вода ... Потоа, тоа ќе порасне. Слично на тоа, секој што со голема среќа дошол во свесноста за Кришна, семето на посветено служење, треба да го полева. И што е водата? Śravaṇa-kīrtana-jale karaye secana (ЧЧ Мадхуа 19.152). Тоа е полевањето. Ова слушање и пеење за Кришна. Тоа е полевањето. Не отсуствувајте од лекциите. Ова слушање и пеење е полевањето на семето на посветено служење. Ако го направиш официјално и да бидеш отсутен од слушањето ... Ова е најважната работа. Śravaṇaṁ kīrtanaṁ viṣṇoḥ (ШБ 7.5.23). Ова е најважното нешто. Да слушате. Шраванам киртанам не значи слушање и пеење на било кое друго суштество. Не. Вишну. Шраванам киртанам. Неранимајковците направиле „kālī-kirtana.“ Каде во шастрите има кали-киртана, шива-киртана? Не. Киртана значи славење на Севишниот Господ, Кришна. Тоа е киртана. Ниту една друга киртана. Но, тие имаат ... конкуренција, кали киртана. Каде во шастрите има кали киртана? Дурга киртана Се се ова бессмислици. Едноставно Кришна. Śravaṇaṁ kīrtanaṁ viṣṇoḥ smaraṇaṁ pāda-sevanam(ШБ 7.5.23). Кришна треба да се обожува, Кришна да се слуша, за Кришна да се пее , на Кришна треба да се сеќаваме. На овој начин, ќе напредувате во свесноста за Кришна. Ви благодарам многу. Харе Кришна. (крај)