MK/Prabhupada 0869 - Населението е од вработени будали. Ние создаваме мрзливо интелигентни



750629 - Conversation in Car after Morning Walk - Denver

Прабхупада: ... и вработените будали се најдолната класа на луѓе. Во моментов тие се „вработени будали.“ Тамал Кришна: Тие се полоши од мрзливо будали. Прабхупада: Нели? Тамал Кришна: Тоа е полошо од мрзливо будали. Прабхупада: Да. мрзливиот будала е будала, но тој е мрзлив, нема да нанесе многу штета. Но, вработениот будала, тој едноставно ќе создава штета. Во моментов, населението е од вработени будали. Ние создаваме мрзливо интелигентни. Интелигентен човек мора да биде мрзлив, инаку како може да дејствува интелигентно, трезвено. „Добро, дозволете ми да размислам.“ Вие не може да се надевате дека интелигентниот човек ќе ја донесе својата одлука лесно. Тамал Кришна: Може да се нарече мрзлив, но тоа не е тама-гуна. Прабхупада: Тоа е трезвеност. Модерната тенденција е да создаде „вработени будали.“ Комунистите се вработени будали.