MK/Prabhupada 1014 - Еден Вештачки Господ го подучувал својот Посветени и Чувствувал Електрични Шокови

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Еден Вештачки Господ го подучувал својот Посветени и Чувствувал Електрични Шокови
- Prabhupāda 1014


750626 - Lecture SB 06.01.13-14 - Los Angeles

Вие може да имате два милиони долари; Јас може да имам десет долари; ти може да имаш сто долари. Секој има некое богатство. Тоа е потврдено. Но, никој не може да каже дека "ги имам сите богатства". Тоа не е можно. Ако некој може да каже "ги имам сите богатства", тој е Господ. Тоа е кажано од Кришна. Никој не го кажал тоа во историјата на светот. Кришна рекол, bhoktāraṁ yajña-tapasāṁ sarva-loka-maheśvaram (БГ 5.29): „Јас сум уживателот на сè и јас сум сопственик на целиот универзум.“ Кој може да го каже тоа? Тоа е Господ. Aiśvaryasya samāgrasya. Самагра значи вкупно, не делумно, дека „имам толку многу. Сега го поделив.“ Не сакам да споменувам по име - еден вештачки Господ, тој го подучувал својот посветеник, а посветеникот чувствувал електрични шокови. За жал, не можам да ви дадам електрични шокови. (смеа) Гледате? Електрични шокови, и тој се онесвестил од електричниот шок. За ова се пишувало јавно, а будалите прифаќаат. Зошто учителите треба да дадат електричен шок? Каде е тоа споменато во шастрите? (смеа) Но, овие работи се, лажни работи се наведени. Електричен шок. И кога се онесвести, тогаш Господ седеше, и кога сетила се вратиле, ученикот го прашал Господа: „Господине, зошто плачете?“ „Сега, јас завршив се. Ви дадов се.“ Само видете. Дали учителот завршува сè со тоа што го подучува својот посветеник? Овие работи се случуваат. Кришна не е таков Господ, дека „Јас завршив сѐ.“ Pūrṇasya pūrṇam ādāya pūrṇam evāvaśiṣyate (Ишопанишад Повик). Ова е дефиницијата за Господ. Господ е толку совршен и полн што дури и ако ги земеш сите Негови богатства, сеуште, Тој е полн. Тоа е Господ. Не дека „Ги завршив моите резерви.“ Интелигентниот човек треба да научи што е Господ од ведските информации. Немојте да го произведувате Господ. Производство, како можеме да го произведеме Господ? Тоа не е можно. Тоа се нарекува мано-дхарма. Со ментална измисленост, ментални шпекулации, не можеме да создадеме Господ. Овде е дефиницијата за Господ, дека īśāvāsyam idaṁ sarvaṁ yat kiñcid jagatyāṁ jagat (ИШО 1). Идам сарвам. Сарвам значи што и да видите. Го гледате големиот Тихи Океан. Тој е создаден од Господа. Не дека Тој го создал Тихиот Океан, и со тоа завршиле сите Неговата хемикалии, водород и кислород. Не. Постојат милиони и трилиони Тихи Океани кои лебдат на небото. Тие се Божја креација. Постојат милиони и трилиони планети кои лебдат на небото, и има милиони и трилиони живи суштества, мориња и планини и сè, но нема недостатоци. Не само овој универзум; има милиони и трилиони универзуми. Ги добиваме овие информации од ведските ... Yasya prabhā prabhavato jagad-aṇḍa-koṭi koṭiṣv aṣeṣa-vasudhādi vibhuti-bhinna tad brahma niṣkalam anantam aśeṣa-bhūtaṁ govindam ādi-puruṣaṁ tam aham (Бс. 5.40)... Обидете се да го разберете богатството на Господа.