MK/Prabhupada 1005 - Без свесноста за Кришна, едноставно ќе имате отпадни желби

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Без свесноста за Кришна, едноставно ќе имате отпадни желби
- Prabhupāda 1005


750713 - Conversation B - Philadelphia

Сенди Никсон: Добро. Ова прашање е тешко за мене да го прашам, бидејќи тоа го покажува незнаењето од моја страна. Но, јас не го прашувам тоа во незнаење. Сакам вашиот одговор да се сними, во ред? Дали вашата желба ...? Дали секоја желба на крајот мора да си оди, вклучувајќи ја и желбата за постигнување на свесноста за Кришна? Прабхупада: Без свесност за Кришна, едноставно ќе имате отпадни желби. И кога си свесен за Кришна, тогаш посакуваш правилно.. Сенди Никсон: Целта на многу духовни патишта е да го најдете гуруто внатре во себе. Прабхупада: Внатре? Сенди Никсон: Гуру внатре во себе. Дали е ова различно од ...? Прабхупада: Кој го вели тоа, за да најде гуру во себе? Сенди Никсон: Ум ... Џајапатака: Кирпал Сингх, тој го вели тоа. Сенди Никсон: Извини? Џајапатака: Кирпал Сингх, тој е една личност која го вели тоа. Гурудаса: Кришнамурти го вели тоа исто така. Прабхупада: Зошто доаѓа да подучува? (Смеа) Овој неранимајко, зошто доаѓа да подучува? Ова е одговорот. Овие работи се кажани од неранимајковци. Дојден е да подучува, и тој вели: „Дознајте го гуруто внатре во себе.“ Тогаш, зошто дојдовте да предавате? Бидејќи луѓето не се интелигентни, не можат да го фатат. Тој зборува бесмислици, а тие слушаат, тоа е сè. Гурудаса: Исто така има напишано книга „Не се потребни книги.“ (смеа) Прабхупада: Можеш да дознаеш каков неранимајко е тој. Нели? Дали признавате или не? Тој пишува книга, и вели: „Нема потреба од книги.“ Дојде да подучува, и вели: „Нема потреба од учител. Учителот е внатре во тебе.“ Зар не е неранимајко? Сенди Никсон: Па, велат тие ... Оние луѓе ... Прабхупада: Не, најпрвин ќе одговорите на моето прашање. Ако тој кажува спротивставени работи, дали тој не е неранимајко? Сенди Никсон: Па, тој самиот себеси си противречи. Прабхупада: Затоа тој е неранимајко. Тој не знае како да го брани. Сенди Никсон: Може ли Ведите да се земат симболично, исто како и буквално? Прабхупада: Какви што се. Ние ја претставуваме Бхагавад-гита каква што е, не симболично.