MK/Prabhupada 1066 - Помалку Интелигентните Луѓе Сметаат дека Врховната Вистина е Безлична



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Целиот аранжман е всушност, вистината, дека централната фигура, централната фигура на креацијата, централната фигура на уживањето е Севишниот Господ, а живите суштества се едноставно негови соработници. Со соработка и со соработка, тие уживаат. Нивниот односот е како односот помеѓу господарот и слугата. Ако господарот е задоволен, ако господарот е во потполност задоволен, слугите се автоматски задоволни. Тоа е закон. Слично, Севишниот Господ треба да биде задоволен, иако тенденцијата на живите суштества е да постанат креатори и да уживаат во овој материјален свет...и таа тенденција постои затоа што таа постои и кај Севишниот Господ. Тој го креирал, Тој го креирал манифестираниот космички свет. Затоа, во Бхагавад Гита ќе најдеме дека потполната целина, се состои од врховен контролор, контролирани живи суштества, космичка манифестација, вечно време и сите тие субјекти се потполно објаснети во Бхагавад Гита. Сето тоа, замено во целост, се нарекува Апсолутна вистина. Комплетната целина, Врховната Апсолутна Вистина е затоа комплетната Личност на Бог, Шри Кришна. Како што објаснив, манифестацијата е креација на Неговите различни енергии и Тој е Комплетна Целина. Имперсоналниот/Безличниот Брахман е објаснет во Бхагавад Гита, како подреден на Комплетната Личност. „Brahmaṇo 'haṁ pratiṣṭhā“ ( БГ 14.27), ( Јас сум основата на Безличниот Брахман ). Безличниот Брахман е подетално објаснет во Брахма - сутра и спореден со зраци. Како што има зраци од сончевата планета, слично и безличниот Брахман е спореден со светлосните зраци на Врховниот Брахман или Севишната Божја Личност. Затоа безличниот Брахман е нецелосна реализација на комплетната апсолутна целина и концептот на Параматма ( форма на Врховната Божја Личност, присутна во секое срце ). Овие работи, се исто така објаснети. Пурушотама - јога. Кога, ќе го прочитаме поглавјето за Пурушотама - јога, ќе се види дека Врховната Личност, Пурушотам е над безличниот Брахман и делумното спознание на Параматмата. Севишната Божја Личност се нарекува са-чит-ананда-виграха ( Брахма Самхита ( БС 5.1 ). Брахма Самхита, започнува вака: „īśvaraḥ paramaḥ kṛṣṇaḥ sac-cid-ānanda-vigrahaḥ / anādir ādir govindaḥ sarva-kāraṇa-kāraṇam“( БС 5.1 ). „Кришна, познат и како Говинда е причината на сите причини. Тој е првичниот Господ. ( Тој поседува вечно и блажено тело; Тој е извор на се; Тој не потекнува од никого и Причина е на сите причини“( БС 5.1 ). Значи Севишната Божја Личност е сат-чит-ананда-виграха. Спознанието за Безличниот Брахман го вклучува Спознанието на Неговата 'Сат' одлика т.е вечноста. А, спознанието на Неговата Параматма е облик на спознание на неговата 'Сат-чит' одлика т.е вечното знаење. Но, спознанието за Личноста на Бог, како Кришна е спознание на сите трансцедентални теми како сат, чит и ананда ( вечност, знаење и блаженство ), содржани во неговата целосна 'виграха'. Виграха значи форма/облик. „Avyaktaṁ vyaktim āpannaṁ manyante mām abuddhayaḥ“(БГ 7.24), ( Неинтелигентните луѓе, кои не ме познаваат, мислат дека Јас сум го вообразил овој облик и оваа личност...). Луѓето со помала интелигенција, ја сметаат Врховната Вистина дека е безлична, но Таа е личност, трансцедентална личност. Ова е потврдено во целата Ведска литература. „Nityo nityānāṁ cetanaś cetanānām“( Катха Упанишада 2.2.13 ), ( И Брахманот и Врховниот Брахман се вечни, но само еден од нив е тој Севишниот Вечен Брахман...). Ние сме исто така личности, индивидуални живи суштества, ние сме личности и ја имаме нашата индивидуалност, слично Врховната Вистина, Врховниот Апсолут е Личност. И реализацијата на Личноста на Господ е реализација на сите трансцедентални теми како сат, чит и ананда, содржани во неговата целосна 'виграха'. Виграха значи облик. Затоа комплетната целина не е без форма ( безлична ). Ако тој е без форма или е помал од се, Тој не може да биде комплетна целина. Комплетната целина може да има се што е внатре во нашето искуство и се што е надвор, од нашето искуство. Во спротивно, Тој не може да биде целосен. Комплетната целина на Личноста на Бог, поседува огромни моќи. „Parāsya śaktir vividhaiva śrūyate“ (ЧЧ Мадја 13.65, „Значење“). Тоа е исто објаснето во Бхагавад Гита т.е начинот на кој Тој делува, со своите различни моќи. Прекрасниот свет или материјалниот свет, во кој сега се наоѓаме е исто сам за себе потполн, бидејќи е „pūrṇam idam“ ( Шри Ишопанишад, Обраќање ). Затоа што, 24 елементи, од кои е составен, според Санкја филозофијата, тие 24 елементи, представени во вид на овој материјален универзум т.е оваа привремена манифестација, се потполно подредени да продуцираат средства/работи за одржување на овој универзум. Никаков дополнителен напор не е потребен за одржување на овој универзум. Универзумот има свое времетраење, одредено со комплетната целина и кога тоа време ќе истече - сите тие привремени космички манифестации, се уништени, со совршениот аранжман на Потполната Целина.