MK/Prabhupada 1070 - Служењето на Господ е Вечна Религија на Живите Суштества



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Во врска со горенаведениот концепт на санатана - дхарма, можеме да се обидеме да го разбереме концептот на религија од Санскритскиот корен на зборот дхарма. Дхарма значи она што е константно, со одреден објект. Како што веќе споменавме, кога зборуваме за оган, во исто време се заклучува дека тој се карактеризира со топлина и светлина. Без топлина и без светлина, нема значење зборот оган. Слично, треба да го најдеме суштинскиот дел на живите суштества, кој секогаш ги придружува. Тој константен пратител на живите суштества е негов вечен квалитет, а вечниот дел на квалитетот на живите суштества е неговата вечна религија. Кога Санатана Госвами го прашал Господ Шри Чеитанја Махапрабху за сварупата - ние веќе разговаравме за сварупата на секое живо суштество - сварупа или вистинската положба на живите суштества, Господ одговорил дека конституционалната положба на живите суштества е да ја служи Севишната Божја Личност. Но, ако го анализираме, овој дел од изјавата на Господ Чеитанја, ние можеме многу добро да видиме дека секое живо суштество е константно вклучено во „бизнисот“ на служење на други живи суштества. Живото суштество ги служи другите живи суштества, со различни капацитети и на различни начини и правејќи го тоа, тоа ужива во својот живот. Пониското животно го служи човечкото суштество, слугата го служи својот господар, А го служи господарот Б, Б го служи господарот Ц, Ц го служи господарот Д и така натаму. Во тие околности, можеме да видиме дека еден пријател служи друг пријател, а мајката го служи синот, жената го служи сопугот или мажот ја служи жената. Ако продолжиме да истражуваме во тој дух, ќе се види дека нема исклучок во општеството на живите суштества, каде не наидуваме на активноста на служење. Политичарот ја представува својата програма пред публиката и ги обедува гласачите за својот капацитет за јавна служба. Гласачите го даваат својот скапоцен глас на политичарот во очекување дека политичарот ќе го служи општеството. Сопственикот на дуќанот го служи клиентот и занаетчијата го служи капиталистот. Капиталистот ја служи својата фамилија, а фамилијата го служи својот старешина, во склад со вечниот капацитет на вечното суштество. На овој начин можеме да видиме дека ниедно живо суштество не е изземено од праксата на служење на друго живо суштество и затоа може да заклучиме дека служењето е нешто што константно го придружува живото суштество. Исто така, можеме безбедно да заклучиме дека служењето од страна на живите суштества е вечната религија на живите суштества. Кога човек ќе се изјасни дека припаѓа на одреден тип на вера, во склад со времето и околностите на раѓање, тој вели дека е Хиндуист, Муслиман, Христијанин, Будист или припадник на било која друга секта или под-секта, но таквите обележја не се санатана - дхарма. Хиндуистот може да ја промени својата вера и да постане Муслиман или Муслиманот може да ја промени својата вера и да постане Хиндуист или Христијанин,...но во сите околности ваквата промена на религиозното верување, не дозволува на личноста да го промени својот вечен ангажман на служење на другите. Хиндуист или Муслиман или Христијанин, во сите околности, тој е слуга некому, а изјаснувањето на припадност на некој посебен тип вера, не се смета за санатана - дхарма, но константниот пратител на живите суштества е служењето и тоа е санатана - дхарма. Факт е дека ние всушност, сме поврзани со служба на служење, со Севишниот Господ. Севишниот Господ е врховен уживател, а ние живите суштества сме вечни Негови службеници. Ние сме создадени за Негово уживање и ние земаме учество во вечното уживање, на Севишната Божја Личност, кое не прави среќни, само тоа и ништо друго. Независно, како што веќе објаснивме, било кој дел на телото, рацете, нозете, прстите или било кој друг дел не можат да бидат среќни, без соработката со стомакот и слично на тоа, живото суштество, не може никогаш да биде среќно, без да ја извршува, својата прекрасна трансцедентална служба на Севишниот Господ. Во Бхагавад Гита, обожувањето на различните полубогови не е одобрено бидејќи...Во Бхагавад Гита, во седмото поглавје, дваесеттиот стих, Бог вели: „kāmais tais tair hṛta-jñānāḥ prapadyante 'nya-devatāḥ“. (БГ 7.20), ( „Личностите чии умови се изобличени со материјални желби, се предаваат на полубоговите...“). „Kāmais tais tair hṛta-jñānāḥ“. Оние кои се водени од страст, тие ги обожуваат полубоговите, наместо Севишниот Господ, Кришна.