MK/Prabhupada 0228 - Сфатете како да станете бесмртен

Revision as of 13:58, 25 September 2018 by Locanananda (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0228 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1973 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture on BG 2.15 -- London, August 21, 1973

Нивните конференции, нивните Обединети Нации, нивниот научен напредок, нивниот образовен систем, филозофија, и така натака, сите се наменети за тоа како да се стане среќен во овој материјален свет. Гриха Вратанам. Целта е како тука да се стане среќен. Но тоа не е возможно. Тие никаквеци не можат да разберат. Ако сакаш да станеш среќен, мора да му пријдеш на Кришна. Mām upetya tu kaunteya duḥkhālayam aśāśvataṁ nāpnuvanti (BG 8.15). Кришна вели: „Оној што ќе дојде кај Мене, не се враќа повеќе во ова место полно со страдање." Дукалајам. Овој материјален свет Кришна го нарекува дукалајам. Алајам значи место, а дука значи страдање. Сè е несреќа тука, но будалата во илузија, прекриен од илузорната маја, таа несреќа ја прифаќа како среќа. Тоа е маја. Воопшто не е среќа. Човек работи по цел ден и ноќ, и затоа што добива некаква хартија на која што е напишано: „Веруваме во Бог. Земи ја оваа хартија, 100 долари. Ќе те измамам." Нели е така? „Веруваме во Бог. Ветувам ќе ти платам. Земи ја сега оваа хартија. Не вреди ниту еден цент. На неа е напишано 100 долари." И така си мислам јас сум многу среќен: „Сега ја имам оваа хартија." Тоа е сè. Измамници и измамени. Тоа се одвива. Не треба да бидеме вознемирени од среќата и несреќата на овој материјален свет. Тоа треба да биде нашата цел. Нашата цел треба да биде како да практикуваме свесност за Кришна. Како да практикуваме. Чеитанја Махапрабу даде многу едноставна формула: harer nāma harer nāma harer nāmaiva kevalam kalau nāsty eva nāsty eva nāsty eva gatir anyathā (CC Adi 17.21) Во ова време на Кали, не можеш да практикуваш остри строгости или покори. Едноставно пеј Харе Кришна. Но ние ни тоа не можеме да го правиме. Само видете. Колку сме несреќни. Ова е состојбата на Кали југа. Mandāḥ sumanda-matayo manda-bhāgyā upadrutāḥ (SB 1.1.10). Тие се големи никаквеци, манда. Манда значи многу лош, манда. И Суманда-матаја. Ако сакаат некаков напредок, тие ќе прифатат некој никаквец за Гуру Махараџ. Манда суманда-матаја. Некој кој што нема никаков веродостоен допринос, тие ќе го прифатат: „Многу добро." Најпрвин тие се расипани, и ако тие прифатат нешто, самото тоа ќе биде исто така расипано. Зошто? Несреќни. Mandāḥ sumanda-matayo manda-bhāgyāḥ (SB 1.1.10). Манда-багја значи несреќни. И згора на тоа, упадрата. Секогаш вознемирени со даноци, нема дожд, нема храна. Толку многу работи. Тоа е состојбата во Кали-југа. Затоа Чеитанја Махапрабу рече... Чеитанја Махапрабу... Тоа е објаснето во ведската литература, дека не можеш да практикуваш јога, медитација или понуда на големи големи жртвувња, или градење на големи храмови или обожување на Божество. Тоа е многу многу тешко во денешно време. Едноставно пеј: Харе Кришна, Харе Кришна, Кришна Кришна, Харе Харе, Харе Рама, Харе Рама, Рама Рама, Харе Харе, и постепено ќе спознаеш како да станеш вечен. Ви благодарам многу.