MK/Prabhupada 0093 - Бхагавад Гита е Исто Кришна

Revision as of 10:38, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture on Brahma-samhita, Lecture -- Bombay, January 3, 1973

Значи, Шримад Бхагаватам е оригиналното објаснување на Веданта - сутра. Во Веданта - сутра, во објаснувањето на Веданта - сутра, Шримад Бхагаватам е речено:

janmādy asya yataḥ anvayāt itarataś ca artheṣu abhijñaḥ
tene brahma hṛdā ādi-kavaye muhyanti yatra sūrayaḥ
(ШБ 1.1.1).

Овие објаснувања се таму. Значи, ādi-kavi, ādi-kavi значи Брахма. Брахма, Ādi-kavi. Tene brahma. Брахма значи śabda-brahman, Ведска книжевност. Така, Тој поучи или го соопшти тоа во срцето на Брахма. Затоа што, кога креирањето почнало, Брахма бил единствената личност, живо суштество, во почетокот. Значи, може да се постави прашање: „Како Брахма го научил Ведското знаење?“ Тоа е објаснето: tene brahma...Брахма. Брахма значи Ведска литература. Śabda-brahman. Информациите, описот на Бог е исто така, Брахман. Брахманот е апсолутен. Нема разлика помеѓу Брахманот и литературата која го објаснува Брахманот. Иста работа: исто како и Бхагавад Гита и Кришна, нема разлика. Бхагавад Гита е исто така Кришна. Зошто тогаш, оваа книга би била обожувана, толку долго време, 5000 години, не би било дека Бхагавад Гита, не е Кришна? Има толку многу литератури и книги, кои се објавуваат во денешно време. После една година, две години, три години - завршено. Никому не му е грижа за нив. Никому не му е грижа. Никој не чита... Земете ја било која литература во историјата на светот, никоја не може да постои пет илјади години, а повторно и повторно да се чита од страна на многу научници, филозофи, сите. Зошто? Затоа што е Кришна. Кришна...Нема разлика помеѓу Бхагавад Гита и Бхагаванот. Śabda-brahman. Бхагавад Гита не треба да се сфаќа како обична литература, која некој може да ја коментира со таканареченото АБЦД знаење. Не, тоа не е возможно. Будалите и ништожниците се обидуваат да ја коментираат Бхагавад Гита, со својата АБЦД ученост. Тоа не е возможно. Таа е śabda-brahman. Тоа ќе се разоткрие на личноста која е предадена на Кришна. Yasya deve parā bhaktir yathā deve...Тоа се Ведски упатства.

yasya deve parā bhaktir
yathā deve tathā gurau
tasyaite kathitā hy arthāḥ
prakāśante mahātmanaḥ
(ШУ 6.23).

Тие биваат разоткриени. Затоа, Ведските списи се нарекуваат разоткриени. Не дека јас можам да ги разберам со вашето АБЦД знаење. Јас можам да купам Бхагавад Гита и затоа што имам граматичко знаење, јас можам да разберам. Не. Vedeṣu durlabha. Во Брахма Самхита е речено: „vedeṣu durlabha“. Само вие продолжете да ја проучувате целата Ведска литература со вашиот книжевен капацитет или со вашата ученост - durlabha. Не е возможно. Vedeṣu durlabha. Затоа има толку многу личности, кои се обидуваат да ја интерпретираат Бхагавад Гита, со нивната ткн. ученост, но никому не му е грижа за нив. Тие не можат да преобратат ни една личност, да постане Кришнин бхакта. Тоа е предизвик. Во вашиот Бомбај има толку многу личности кои ја објаснуваат Бхагавад Гита, толку многу години, но не можат да претворат ни една личност во чист бхакта на Кришна. Тоа е нашиот предизвик. Но, оваа Бхагавад Гита, сега е објаснета Каква што е и илјадници и илјадници Европејци и Американци, чии предци или семејства, никогаш не знаеле за името на Кришна, тие постануваат посветеници. Тое е тајната на успехот. Но, овие будалести луѓе, тие тоа не го знаат. Тие мислат дека со интерпретација на Бхагавад Гита со своето ткн. расипано знаење, можат да ја разоткријат Бхагавад Гита. Тоа не е возможно. Nāhaṁ prakāśaḥ yogamāyā-samāvṛtaḥ. Кришна не е изложен на тие будали и ништожници. Кришна никогаш не е изложен. „Nāhaṁ prakāśaḥ sarvasya“ (БГ 7.25). Не е тој толку ефтина работа, како тие будали би Го нарекле и Го сфатиле. Не е возможно. Кришна вели: „nāhaṁ prakāśaḥ sarvasya yogamāyā-samā...“ (БГ 7.25).

manuṣyāṇāṁ sahasreṣu
kaścid yatati siddhaye
yatatām api siddhānāṁ
kaścid vetti māṁ tattvataḥ
(БГ 7.3).