MK/Prabhupada 0117 - Бесплатен хотел и сместување

Revision as of 10:50, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture on SB 7.9.24 -- Mayapur, March 2, 1976

Ова е идејата, да станеме слуги и слугинки. Ова е идеалот на човечката цивилизација. Дека секоја жена треба да се обиде да стане слугинка на својот сопруг, а секој маж да се обиде да стане стопати поголем слуга на Кришна. Ова е индиската цивилизација, а не она: „Мажот и жената имаат еднакви права.“ Тоа се шири во Европа и во Америка, движењето за „еднакви права“. Тоа не е ведска цивилизација. Во ведската цивилизација мажот треба да биде искрен слуга на Кришна, а жената треба да биде искрена слугинка на сопругот.

Затоа овде се вели: upanaya māṁ nija-bhṛtya-pārśvam (ШБ 7.9.24). Тоа е најдоброто дружење. Кога Нарада Муни опишува како треба да се однесува мажот, а како жената... Сега зборувам на диктафон, ќе го чуете тоа. Вели дека никој не може да стане господар. Тоа е непотребно. Не можете да станете господари. Ahaṅkāra-vimūḍhātmā kartāham iti manyate (БГ 3.27). Не можете да станете господари. Jīvera svarūpa haya nitya kṛṣṇa dāsa (ЧЧ Мадја 20.108-109). Без разлика дали се работи за маж или за жена, секој е слуга на Кришна. Треба да учиме како да се издигнеме на таа платформа, како да станеме најдобри слуги, не се работи само за директно служење, туку како да станеме слуги на слугата. Тоа се вика парампара служење. Мојот духовен учител е слуга не неговиот духовен учител, а јас сум слуга на мојот духовен учител. Затоа велиме така, слуга на слугата. Не постои начин да станеме господари. Тоа е материјалната зараза (ЧЧ Мадја 13.80).

kṛṣṇa bhuliya jīva bhoga vāñchā kāre
pāsate māyā tāre jāpatīyā dhāre

Веднаш штом ќе станеме вообразени: „Сега ќе станам господар. Само ќе им наредувам на сите. Нема никого да следам“, треба да знаеме дека тоа е маја.

Оваа зараза се шири почнувајќи од Брама па се до мравката. Пралада Махараџ добро ја разбрал оваа така-наречена, лажна, угледна положба на господар. Тој вели: „Сосема сум свесен за оваа лажна положба. Биди љубезен и најми ме... само како чирак. Nija-bhṛtya-pārśvam значи: само како чирак. Секој мајстор најмува чирак. Малку по малку, чиракот научува како да ги прави работите. Затоа тој вели: nija-bhṛtya-pārśvam. „Нема веднаш да станам многу добар слуга, но дозволете ми да научам.“ Нашата институција служи за таа цел. Ако некој дојде тука заради бесплатниот хотел и бесплатното сместување, тогаш неговото доаѓање во ова здружение е бескорисно. Тој мора да научи да служи. Nija-bhṛtya-pārśvam. Тие што служат, тие... Треба од него да научат како да служат дваесет и четири часа дневно, дури тогаш нивното пристапување кон ова здружение ќе биде успешно. А, ако си мислиме: „Еве место каде што имаме бесплатен хотел, бесплатно живеење и бесплатно задоволување на сетилата“, тогаш целата институција ќе се распадне. Бидете внимателни. Сите членови на GBC (Управниот Одбор) треба да внимаваат да не се охрабрува ваквото размислување. Секој треба да има голема желба да служи, да научи како да служи. Nija-bhṛtya-pārśvam, Само тогаш животот ќе ви биде успешен. Многу ви благодарам.