MK/Prabhupada 0252 - Ние мислиме дека сме независни
Lecture on BG 2.6 -- London, August 6, 1973
И сите овие материјалистички личности, тие се будали, раскали, ништожници, тие ги зголемуваат материјалистичките активности. Тие мислат дека ако ги зголемуваат ќе бидат среќни. Не. Тоа не е возможно. Durāśayā ye...И нивните лидери... „Andhā yathāndhair upanīyamānās te 'pīśa-tantryam uru-dāmni baddhāḥ“ (ШБ 7.5.31). Сите сме врзани, многу цврсто, раце и нозе и мислиме дека сме слободни, независни. По законите на материјалната природа...Сеуште, ние мислиме дека сме независни. Научникот се обидува да го избегне Бог, низ науката. Тоа не е возможно. Ние сме во дувлото на материјалната природа. Материјална природа значи агент на Кришна. „Mayādhyakṣeṇa prakṛtiḥ sūyate sa-carācaram“ (БГ 9.10). „Prakṛteḥ kriyamāṇāni guṇair karmāṇi sarvaśaḥ“ (БГ 3.27). И секогаш сме збунети, како Арџуна, што да правам, што да не правам. Но, ако го земеме овој принцип, дека: „Тоа мораме да го направиме за Кришна...“ И земете упатства од Кришна, од Кришниниот представник и го сторите тоа. Тогаш, нема карма, karma-bandhanaḥ. „Karmāṇi nirdaheti kintu ca bhakti-bhājām“ (Бс 5.54). Инаку, врзани сме за реакција за секое дело, кое ќе го сториме. Не можеме да побегнеме. И тоа вознемирување: „Дали да се борам или не“, тоа ќе биде објаснето преку: „Да, мораш да се бориш за Кришна. Тогаш, тоа е во ред“. „Kāmaḥ kṛṣṇa-karmārpane“. Исто како Хануман. Тој се борел за Господ Рамачандра. Тој не се борел, за себе. И слично на тоа Арџуна, неговото знаме е kapi-dhvaja, неговото знаме е означено со Хануман. Тој тоа го знаел. И Хануман, големиот борец, се борел со Равана, не за свој сопствен интерес. Интересот бил, како да се извлече Ситаџи од рацете на Равана, да се убие цело семејство и да се извлече надвор, за да седне до Рамачандра. Тоа е однесување на Хануман, однесување на бхакта. А, однесувањето на Равана е: „Земи ја Сита од Рама и уживај ја“. Тоа е однесување на Равана. А однесувањето на Хануман е: „Земи ја Сита од рацете на Равана и постави ја да седи до Рама“. Таа иста Сита. Сита значи Лакшми. И Лакшми значи, сопствеништво на Нарајан, Божја сопственост. И мораме да го научиме однесувањето на сите тие материјалистички личности, Равани, тие се обидуваат да ја уживаат Божјата сопственост. И на некој начин или друг...Секако, ние не можеме да се бориме со луѓето, како Равана. Тоа е...Ние не сме толку силни. И затоа сме ја земале политиката, како би постанале просјаци. „Господине, вие сте добра личност. Ве молиме, дајте ни нешто. Дајте ни нешто. Затоа што го расипувате својот живот, држејќи ја Божјата сопственост. Дајте ни нешто. И на некој начин, ако постанете член, ќе бидете спасени. Ќе бидете спасени. Тоа е нашата политика. Ние не сме просјаци. Но, тоа е политика. Сега, ние не сме толку силни да се бориме со Равани; инаку би ги земале парите низ борба. Но, ние не сме толку силни. И затоа сме ја превзеле политиката на просјаци. Ви Благодарам многу.