MK/Prabhupada 0309 - Духовниот Учител е Вечен

Revision as of 08:11, 10 November 2021 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0005: NavigationArranger - update old navigation bars (prev/next) to reflect new neighboring items)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture -- Seattle, October 2, 1968

Мадудвиша: Дали има некој начин за христијанин, без помош од духовен учител, да го достигнете духовното небо преку верување во зборовите на Исус Христос и обидувајќи се да ги следите неговите учења?

Прабхупада: Не те разбирам.

Тамала Кришна: Може ли христијанин на ова време, без духовен учител, но со читање на Библијата и следење на зборовите на Исус, да допре до ...

Прабхупада: Кога ја читате Библијата, го следите духовниот учител. Како можеш да кажеш без? Штом ја читате Библијата, тоа значи дека ги следите упатствата на Господ Исус Христос, тоа значи дека го следите духовниот учител. Значи, каде е можноста да се биде без духовен учител?

Мадудвиша: Мислев на жив духовен учител.

Прабхупада: Духовниот учител не е прашање на... Духовниот учител е вечен. Духовниот учител е вечен. Значи твоето прашање е без духовен учител. Без духовен учител не можете да бидете во ниедна фаза од вашиот живот. Може да го прифатите овој духовен учител или оној духовен учител. Тоа е друга работа. Но, треба да прифатите. Како што велиш дека „со читање на Библијата“, кога ја читаш Библијата тоа значи дека го следиш духовниот учител претставен од некој свештеник од духовното наследство на Господ Исус Христос. Во секој случај, мора да следите духовен учител. Не може да има прашање без духовен учител. Дали е тоа јасно?

Мадудвиша: Мислам како што не можеме да ги разбереме учењата на Бхагавад-гита без ваша помош, без ваша презентација.

Прабхупада: Слично на тоа, треба да ја разберете Библијата со помош на свештеникот во црквата.

Мадудвиша: Да. Но, дали тој добива добра интерпретација од неговото ученичко наследство или од неговиот епископ? Затоа што се чини дека има некаков вид на несовпаѓање во толкувањето на Библијата. Постојат многу различни секти на христијанството кои ја толкуваат Библијата на различни начини.

Прабхупада: Се разбира, не може да има повеќе толкување во Библијата. Тогаш нема автентичност на Библијата. Ако протолкуваш нешто... Исто како „Повикај ја лопатата со лопата“. Ако повикувате нешто друго, тоа е друга работа. Тој не е духовен учител. Исто како што е ова часовник. Сите го викаат часовник, и ако го наречам наочари, тогаш која е вредноста да бидам духовен учител? Јас сум во заблуда. Тоа е часовник, тоа морам да го кажам. (смеа) Така има... Кога има погрешно толкување, тој не е веродостоен духовен учител. Тој не е духовен учител, она што се нарекува веродостоен. Ако сакам да ве научам како да гледате во овој часовник, можам да го кажам тоа „Ова се нарекува часовник, а ова се нарекува рака, а ова се нарекува временско укажување; ова е, ова се нарекува...“ Тоа е убаво. И ако кажам дека „Сите велат дека е часовник. Јас велам дека се наочари“, тогаш каков духовен учител сум јас? Веднаш отфрлете го. Таа интелигенција мора да ја имате, кој е псевдо духовен учител или вистински духовен учител. Во спротивно ќе бидете измамени. И тоа е направено. Секој си толкува на свој начин. Бхагавад-гита, има илјадници изданија, и тие се обидоа да ја протолкуваат на свој начин, сето тоа е бесмислено. Сите тие треба да бидат отфрлени. Едноставно треба да ја прочитате Бхагавад-гита таква каква што е. Тогаш ќе разберете. Не станува збор за толкување. Тогаш автентичноста ја нема. Веднаш штом ќе ја протолкуваш, тогаш ја нема автентичноста. Правна книга. Дали сакаш да кажеш во судот ако кажеш пред судијата, „Драг мој господару, јас го толкувам овој пасус на овој начин“, дали ќе биде прифатен? Судијата веднаш ќе рече: „Кој си ти да толкуваш? Немаш право“. Тогаш кој е авторитетот на овој законски книга ако сите дојдат „Јас толкувам вака“? И толкувањето, кога е потребно? Кога нешто не се разбира. Ако речам „Ова е часовник“, и сите разберат дека „Ова е часовник, да“, тогаш каде е можноста да се протолкува дека ова се наочари? Ако некој може да го разбере јасно пасусот... Исто како во Библијата, „Бог рече: „Нека биде создавање“, и имаше создавање“. Каде е прашањето за толкување? Да, Бог создал. Вие не можете да креирате. Каде е можноста за толкување? Значи не е потребно непотребно толкување и тоа не е веродостојно, а оние кои непотребно толкуваат веднаш да бидат отфрлени. Веднаш, без никакво размислување. Бог рече: „Нека има создавање“. Така имаше создавање. Едноставна работа. Каде е прашањето за толкување? Какво може да биде толкувањето овде? Предложете дека ова може да биде толкување. Дали сум во право? На почетокот на Библијата така се вели? „Бог рече: „Нека има создавање“, и се случи создавањето. Кое е твоето толкување? Кажи ми кое е твоето толкување. Дали постои можност за толкување? Може ли некој од вас да предложи? Тогаш каде е можноста за толкување? Може да се објасни. Тоа е друга работа, но фактот дека тоа што Бог го создал, тоа ќе остане. Тоа не можете да го смените. Сега, како се одвивал тој креативен процес, тоа е објаснето во Бхагаватам: Прво, имаше небо, потоа имаше звук, потоа имаше ова, она. Ова е процес на создавање, тоа е друга работа. Но, фактот, примарниот факт што Бог го создал, ќе остане во секој случај. Не научникот неранимајко вели: „Ох, имаше едно парче и тоа е поделено, и таму беа овие планети. Можеби ова и веројатно ова“, се ова се бесмислености. Тие едноставно ќе толкуваат, „веројатно“, „можеби“. Тоа не е наука - „веројатно“, „можеби“. Зошто можеби? Ова е јасна изјава, „Бог создаде“. Тоа е се. Заврши.