MK/Prabhupada 0321 - Секогаш поврзани со оригиналната електрана.
Lecture on SB 1.15.28 -- Los Angeles, December 6, 1973
Чаитанја Махапрабху вели дека треба да дејствувате соодветно, како што сте подучени, āpani ācari, тогаш можете да ги научите другите. Ако сами не делувате, вашите зборови нема да имаат вредност. (пауза) ... сечи. Evaṃ paramparā prāptam (БГ 4.2). Ако сте поврзани со оригиналната електрана, тогаш имате електрична енергија. Инаку тоа едноставно е жица. Која е вредноста? Едноставно, инсталацијата нема да ви помогне. Поврзувањето мора да е таму. И ако ја изгубите врската, тогаш тоа нема вредност. Затоа движењето за свесност за Кришна значи дека мора да бидете секогаш поврзани со оригиналната електрана. И тогаш, каде и да одите, ќе има светлина. Ќе има светлина. Ако сте исклучени, нема да има светлина. Сијалицата е таму; инсталацијата е таму; прекинувачот е таму. Сè е таму. Така се чувствува Арџуна, дека „Јас сум истиот Арџуна. Јас сум истиот Арџуна кој се борел на бојното поле на Курукшетра. Бев познат како толку голем воин, и мојот лак е истиот лак, а мојата стрела е истата стрела. Но, сега е бескорисно. Не можам да се одбранам, бидејќи не сум поврзан со Кришна. Го нема Кришна веќе.“ Затоа почна да се сеќава на зборовите на Кришна што му беа кажани во битката кај Курукшетра. Кришна не се разликува од Неговите зборови. Тоа е апсолутно. Она што Кришна го рекол пред пет илјади години, ако ги кажете овие зборови повторно, веднаш сте поврзани со Кришна. Ова е процесот. Само видете го Арџуна. Тој вели, evaṁ cintayato jiṣṇoḥ kṛṣṇa-pāda-saroruham. Кога почна да размислува за Кришна и Неговите упатства што му ги дал, на бојното поле, тој веднаш стана шанта, мирен. Веднаш смирен. Ова е процесот. Имаме интимна врска со Кришна, вечно. Тоа не е вештачко. Затоа, ако секогаш сте поврзани со Кришна, нема да има повеќе вознемиреност. Мирен. Yaṁ labdhvā cāparaṁ lābhaṁ manyate nādhikaṁ tataḥ. Ако ја добиете таа позиција, тогаш тоа е највисоката добробит, највисока добивка, yam labdhvā ca, тогаш нема да посакате никаква друга добивка. Ќе почувствувате дека добивте највисока добивка. Yaṁ labdhvā cāparaṁ lābhaṁ manyate nādhikaṁ tataḥ, yasmin sthitaḥ... И ако се задржите фокусирани во таа положба, тогаш guruṇāpi duḥkhena na (Бг 6.20-23), дури и во најтешкиот вид на неволји, нема да бидете вознемирени. Тоа е мир. Тоа е мир. На секој мал притисок, вие сте вознемирени. Ако сте всушност фокусирани во свесноста за Кришна, нема да бидете вознемирени ни во најголемата опасност. Тоа е совршенството на свесноста за Кришна. Ви благодарам многу.