MK/Prabhupada 0753 - Големи, големи луѓе, нека имаат еден комплет на книги и нека учат

Revision as of 17:51, 1 October 2020 by Elad (talk | contribs) (Text replacement - "(<!-- (BEGIN|END) NAVIGATION (.*?) -->\s*){2,15}" to "<!-- $2 NAVIGATION $3 -->")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Room Conversation -- May 4, 1976, Honolulu

Прабхупада: Сите овие големи, големи луѓе, нека имаат еден комплет на книги и нека учат. Тоа не е никаков трошок за нив, но ако во нивните часови за одмор, прочитаат понекоја линија - сите тие се интелигентни луѓе - ќе добијат идеи, каква е оваа свесност за Кришна. Преку влијанието на таткото, само обидете се да ги претставите нашите книги на овие големи луѓе. Тоа не е ... Тие може да ги чуваат во библиотека, и во слободното време, ако тие едноставно ги погледнат линиите, о, тоа ќе биде одлично ... Дхритадјумна: И нивните синови ќе го прочитаат истото. Прабхупада: Нивните синови исто така ќе читаат. Дхритадјумна: Веќе татко ми забележа на неговите патувања дека некои од неговите пријатели, нивните синови се приклучија на нашето движење исто така. Прабхупада: Yad yad ācarati śreṣṭhaḥ, lokas tad anuvartate (БГ 3.21). Ако овие големи луѓе во светот го прифатат, „О, да, движењето за свесноста за Кришна е вистинско“ тогаш природно, тоа ќе го следат другите. Тука е добра можност да се поврзете со големите луѓе во светот. Искористите ја правилно. Ти ... И двајцата сте интелигентни. Многу внимателно се справувате со нив. Тие ќе разберат дека „О, овие луѓе се многу чесни луѓе со карактер, со големо знаење и свесни за Бога.“ Тоа ќе го направи нашето движење успешно.