MK/Prabhupada 1059 - Сите имаат Посебен Однос со Господ

Revision as of 17:13, 14 July 2015 by Visnu Murti (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 1059 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1966 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Штом еден човек, ќе стане посветеник на Господ, тој исто има директен однос, со Бога. Ова е многу долг предмет, но накратко може да се каже дека посветеникот е во однос со Свевишната Божја Личност на пет начини. Личноста може да биде, посветеник во пасивна состојба, може да биде, посветеник во активна состојба, може да биде, посветеник во пријателски однос, може да биде, посветеник во родителски однос, и може да биде, посветеник во брачна љубов. Така, Арџуна беше бхакта во пријателски однос со Бога. Господ, може да постане и пријател. Секако, ова пријателство и концептот на пријателство, кое го имаме во материјалниот свет, е прилично различно. Ова е трансцедентално пријателство... Не дека сите ќе имаат однос со Бога. Сите имаат посебен однос со Бог и тој посебен однос е пробуден со посветеното служење. Во сегашната состојба, на нашиот живот, не само што сме го заборавиле Свевишниот Бог, туку сме го заборавиле и нашиот вечен однос со Бога. Секое живо суштество, од сите многу, многу милиони и билиони живи суштества, секое има посебен однос со Бог вечно. Тоа се нарекува Сварупа. Сварупа. И со процесот на посветено служење, секој може да го оживее, тоа Сварупа, кај самиот себеси. И таа состојба се нарекува сварупа-сидхи, перфекција на сечија конституционална положба. Така Арџуна беше посветеник и беше во допир со Свевишниот Господ, како пријател. Сега, оваа Бхагавад Гита, беше објаснета на Арџуна и како Арџуна ја прифати ? Тоа исто така треба да биде забележано. Како Арџуна, ја прифати Бхагавад Гита е споменато во Десетото Пеење. Исто како: Арџуна рече: Ти си Свевишната Божја Личност, крајното пребивалиште, најчистиот, Апсолутната Вистина. Ти си вечна, трансцедентална, оригинална личност, нероден, најголем. Сите големи мудреци како Нарада, Асита, Девала, Вјаса ја потврдуваат оваа вистина за Тебе, а Ти се сега Лично, тоа ми го доверуваш мене. О Кришна, Јас, во целост го прифаќам како вистина, сето тоа што ми го кажа. Ни полубоговите ни демоните, О Боже можат да ја разберат, твојата личност. Сега, Арџуна вели, после слушањето на Бхагавад Гита од Свевишната Божја Личност, дека го прифаќа Кришна како парам брахма, Врховен Браман. Браман. Секое живо суштество е Браман, но врховното живо суштество или Свевишната Божја Личност е Врховен Браман или врховно живо суштество. И парам дхама. Парам дхама значи: "Тој е врховен остаток од се." И павитрам. Павитрам значи: "Тој е чист од материјална загаденост." И тој е наречен пурушам. Пурушам значи врховен уживател, шашватам, шашватам значи од самиот почеток, Тој е првата личност, дивјам, трансцедентален; девам, Врховна Божја Личност; аџам, никогаш роден/нероден; вибум, најголем. Некој може да се сомнева дека, бидејќо Кришна бил пријател со Арџуна, тој може да ги каже сите овие работи, на својот сопствен пријател. Но Арџуна, само за да ги отстрани различните сомнежи во умот на читателите на Бхагавад Гита, тој ги воспоставува своите заклучоци, како и авторитетите. Тој вели дека Господ Шри Кришна е прифатен како Свевишна Божја Личност не само од него, Арџуна, туку тој е прифатен и од авторитети како Нарада, Асита, Девала, Вјаса. Овие личности се важни личности, во предавањето и ширењето на Ведското знаење. Тие се прифатени од сите ачарји. И затоа Арџуна вели дека "Се што ми кажа досега, јас го прифаќам, како апсолутно совршено."