MK/Prabhupada 1059 - Сите имаат Посебен Однос со Господ



660219-20 Предавање Вовед во БГ - Њујорк

Сите имаат Посебен Однос со Господ штом еден човек, ќе стане посветеник на Господ, тој исто има директен однос, со Бога. Ова е многу долг предмет, но накратко може да се каже дека посветеникот е во однос со Севишната Божја Личност на пет начини. Личноста може да биде, посветеник во пасивна состојба, може да биде, посветеник во активна состојба, може да биде, посветеник во пријателски однос, може да биде, посветеник во родителски однос, и може да биде, посветеник во брачна љубов.

Така, Арџуна бил бхакта во пријателски однос со Бога. Господ, може да стане и пријател. Секако, ова пријателство и концептот на пријателство, кое го имаме во материјалниот свет е прилично различно. Ова е трансцедентално пријателство...Не дека сите ќе имаат однос со Бога. Сите имаат посебен однос со Бог и тој посебен однос е разбуден со посветеното служење. Во сегашната состојба, на нашиот живот, не само што сме го заборавиле Севишниот Бог, туку сме го заборавиле и нашиот вечен однос со Бога. Секое живо суштество, од сите многу, многу милиони и билиони живи суштества, секое има посебен однос со Бог вечно. Тоа се нарекува Сварупа. Сварупа. И со процесот на посветеното служење, секој може да го оживее, тој Сварупа, кај самиот себеси. И таа состојба се нарекува сварупа-сидхи, перфекција на сечија конституционална положба. Така, Арџуна бил посветеник и бил во допир со Севишниот Господ, како пријател.

Бхагавад Гита, била објаснета на Арџуна и како Арџуна ја прифатил? Тоа исто така треба да биде забележано. Како Арџуна, ја прифатил Бхагавад Гита е споменато во Десеттото Пеење. Исто како:

arjuna uvāca
paraṁ brahma paraṁ dhāma
pavitraṁ paramaṁ bhavān
puruṣaṁ śāśvataṁ divyam
ādi-devam ajaṁ vibhum
āhus tvām ṛṣayaḥ sarve
devarṣir nāradas tathā
asito devalo vyāsaḥ
svayaṁ caiva bravīṣi me
(БГ 10.12-13)
sarvam etad ṛtaṁ manye
yan māṁ vadasi keśava
na hi te bhagavan vyaktiṁ
vidur devā na dānavāḥ.
(БГ 10.14)

Сега, Арџуна вели, после слушањето на Бхагавад Гита од Севишната Божја Личност, дека го прифаќа Кришна како парам брахма, Врховен Брахман. Брахман. Секое живо суштество е Брахман, но Врховното живо суштество или Севишната Божја Личност е Врховен Брахман или Врховно живо суштество. И парам дхама. Парам дхама значи: "Тој е врховен остаток од се." И павитрам. Павитрам значи: "Тој е чист од материјалната загаденост." И тој е наречен пурушам. Пурушам значи Врховен уживател, шашватам, шашватам значи од самиот почеток, Тој е Првата личност, дивјам, трансцедентален; девам, Врховна Божја Личност; аџам, никогаш роден/нероден; вибум, најголем.

Сега некој може да се сомнева дека, бидејќи Кришна бил пријател со Арџуна, тој може да ги каже сите овие работи, на својот сопствен пријател. Но Арџуна, само за да ги отстрани различните сомнежи во умот на читателите на Бхагавад Гита, тој ги воспоставувал своите заклучоци, како и авторитетите. Тој вели дека Господ Шри Кришна е прифатен како Севишна Божја Личност не само од него, Арџуна, туку тој е прифатен и од авторитети како Нарада, Асита, Девала, Вјаса. Овие личности се важни личности, во предавањето и ширењето на Ведското знаење. Тие се прифатени од сите ачарји. И затоа Арџуна вели дека "Се што ми кажа досега, јас го прифаќам, како апсолутно совршено."