MK/Prabhupada 1065 - Прво Личноста Треба да Научи Дека Не е Ова Материјално Тело

Revision as of 15:40, 17 July 2015 by Visnu Murti (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 1065 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1966 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Кога личноста е толку материјално контаминирана, тоа се нарекува условено ниво/условена состојба. Условена состојба. Тука е тогаш и лажното его и лажната свесност. Лажната свесност се појавува под впечаток "Јас сум еден од продуктите на оваа материјална природа." Тоа се нарекува лажно его. Сите материјални активности, yasyātma-buddhiḥ kuṇape tri-dhātuke (ШБ 10.84.13), ("Поистоветување со интертното тело, создадено од слуз, жолчка и воздух...") Yasyātma-buddhiḥ kuṇape tri-dhātuke, личност која е обземена во мислите од телесен концепт. Целата Бхагавад Гита била објаснета од Господ затоа што Арџуна се претстави себеси со телесен концепт. Една личност треба да се ослободи од телесниот концепт на живот. Тоа е првата активност која треба да се стори од еден трансцеденталист, кој сака да се ослободи и кој сака да биде ослободен. И прво што треба да научи е дека тој не е ова материјално тело. Значи таа материјална свесност е непожелна...Кога сме ослободени од оваа материјална свесност, тоа се вели мукти. Мукти или ослободување значи да постанеме слободни од материјалната свесност. Во Шримад Бхагаватам, е дадена дефиницијата за ослободувањето: muktir hitvānyathā rūpaṁ svarūpeṇa vyavasthitiḥ (ШБ 2.10.6), (Ослободувањето е перманентна состојба, во која живото суштество ќе се откаже од променливите груби и фини материјални тела...). Svarūpeṇa vyavasthitiḥ. Мукти значи ослободување од загадената свесност на материјалниот свет и втемелување во чиста свесност. И сите упатства на Бхагавад Гита, се однесуваат на разбудувањето на чистата свесност. Ќе најдеме, во последните упатства од Бхагавад Гита, дека Кршна го прашува Арџуна, дали неговата свесност сега е прочистена. Дали неговата свесност е прочистена. Прочистената свесност значи да се делува според упатствата на Господ. Тоа е прочистена свесност. Тоа е целата сума и суштина на прочистената свесност. Свесноста веќе е тука, но бидејќи сме делови и честички од Бога, затоа потпаѓаме под влијание (на материјалните режими на природата). Во нас постои афинитет да бидеме под влијание на материјалните режими на природата. Но Господ кој е Севишен, Тој никогаш не е под влијание. Тој никогаш не е под влијание (на материјалната природа). Тоа е разликата помеѓу Господ, Севишниот, Севишниот Господ и живите суштества. Е, сега свесност...Што е всушност оваа наша свесност ? Таа свесност е дека "Јас сум." Што е тоа Јас ? Кога сме во контаминирана свесност, ова "Јас сум" значи "Јас сум господар на се што можам да видам и согледам." Ова е нечиста свесност. "Јас сум уживател." Секое живо суштество мисли дека целиот материјален свет се движи, затоа што "Јас сум господар и креатор на овој материјален свет." Свесноста има две психички движења или два психички дела. Еден е дека "Јас сум креатор/створител", а другиот е "Јас сум уживател." Севишниот Господ е всушност креатор и Тој е всушност уживател. А живите суштества, кои се делови и честички од Севишниот Господ, се соработници, а не се креатори ни уживатели. Како и целата машина. Деловите од машината "соработуваат" со таа машина. Или ако ја проучиме конституцијата на нашето тело. Во телото има раце, нозе, очи и сите овие инструменти работат, но сите тие се делови и честички на телото, тие не се уживателите. Стомакот е уживателот. Ногата се движи од едно место на друго. Раката собира се, раката подготвува храна, а забите ја жвакаат храната и се и сите делови од телото, се вклучени во задоволувањето на стомакот, бидејќи стомакот е основниот принцип во организацијата на телото. И се треба да му биде дадено на стомакот. Прахопахарач ча јатхендријанам (ШБ 4.31.14). Баш како што забележуваем дека дрвото е зелено, кога го залеваме со вода во коренот. Или ти можеш да постанеш здрав... Деловите на телото - рацете, нозете, очите, ушите, прстите - целото тело се одржува во здрава состојба, кога сите делови од телото соработуваат со стомакот. Слично, врховното живо суштество, Господ, Тој е уживателот. Тој е уживателот и Тој е креаторот. А ние, подредените живи суштества, продуктите на енергијата на Севишниот Господ, ние сме тука само за да соработуваме со Него. Соработката ќе помогне. Само за пример, ако прстите земат некоја храна и мислат дека "Зошто да ја дадеме на стомакот ? Ајде ние да ја уживаме ( храната )." Тоа е грешка. На прстите им е невозможно да уживаат. Ако прстите сакаат дел од уживањето, од одредената храна, тие прво мораат да ја стават во стомакот.