MK/Prabhupada 1079 - Бхагавад Гита е Трансцедентална Литература Која Една Личност Треба да ја Чита Многу Внимателно

Revision as of 16:59, 30 July 2015 by Visnu Murti (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 1079 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1966 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Кога за Бхагавад Гита или Шримад Бхагаватам ќе чуеме од самоспознаена личност, тоа ќе не извежба да мислиме на Врховното Битие дваесет и четири часа на ден, што на крај, анта - кале, ќе не доведе до состојба на сеќавање на Севишниот Господ и после напуштањето на телото, ќе добиеме духовно тело, кое ќе биде сосема погодно за дружењето со Господ. Господ затоа вели, абхјаса - јога - јуктена четаша нанја - гамина (БГ 8.8), ( Личноста која медитира на Севишната Божја Личност, со умот и интелигенцијата константно вклучен во сеќавање на Господ, без девијација...), Парамам пурушам дивјам јати партханучинтајан (БГ 8.8), ( ... таа личност - која константно мисли на Божјата Личност - може да биде сигурна дека ќе Ме достигне ). Анучинтајан значи, оној кој константно мисли на Него ( Бог ). Тоа не е тежок процес. Личноста треба да научи за овој процес од искусна личност, во линија на оние кои му се посветени на Бог. Тад вигјанартхам са гурум евабхигачет ( МУ 1.2.12 ), ( Личноста треба да му пријде на оној, кој го практикува тој процес ). Значи абхјаса-јога-јуктена. Ова се нарекува практикување на абхјаса-јога. Абхјаса...Како да се сеќаваме на Врховниот Господ секогаш. Четаша нанја-гамина. Умот, умот секогаш патува ваму, таму. Значи, една личност треба секогаш да го концентрира умот на формата на Севишниот Бог Шри Кришна или на звукот на Неговото име, што се прави многу полесно. Наместо да го концентрирам мојот ум, кој може да биде многу неуморен и да лета на сите страни, на форма, можам да го концентрирам своето уво, на звучната вибрација на името Кришна што секако ќе ми помогне. Тоа е исто така абхјаса-јога. Четаша нанја-гамина парамам пурушам дивјам (БГ 8.8), ( ...медитирајќи со умот и интелигенцијата, без девијација --- на Севишната Божја Личност ). Парамам пуруша, таа Севишна Божја Личност во духовното царство, на духовното небо, може да биде достигната со анучинтајан, константно размислување на Божјата личност. Значи сите тие процеси, патишта и начини, сите се објаснети во Бхагавад Гита и не постои забрана против употреба на истите. Не е дека, само одредена класа на луѓе, може да му пријдат и да го достигнат Бог. Размислување за Господ Кришна е можно, слушање за Господ Кришна е можно за сите. Бог вели во Бхагавад Гита, мам хи партха вјапашритја је апи сјуха папа-јонајаха (БГ 9.32), ( Личностите кои ќе земат моја заштита, без разлика што се со ниско раѓање ), стријо ваишјас татха шудрас те апи јанти парам гатим (БГ 9.32), (...како што се жените, трговците и работниците, дури и тие можат да го достигнат Врховната дестинација ). Ким пунар брахманаха пунја бхакта раџаршајас татха (БГ 9.33), ( Колку се тек возвишените брахмани, праведните луѓе, оние кои се посветени на Бог, па и светите кралеви...), анитјам асукхам локам имам прапја бхаџасва мам (БГ 9.33), (...кои во овој привремен и мизерен свет се ангажирани во Моја служба, со љубов ). Господ вели дека, достигнувањето на Неговото пребивалиште е можно, дури и на човечкото суштество, во најнискиот статус на живот, статус на постоење, како една падната жена или трговец или работник... Продавачите/трговците, работниците и жените, се ставени во исто категорија, кај која интелигенцијата не е толку развиена. Бог вели дека тие исто така или оние пониските од нив, мам хи партха вјапашритја је апи сјуха ( БГ 9.32 ), не само тие туку и оние кои се пониска класа или било кој друг, може да го достигнат Неговото пребивалиште. Не е битно кој е тој или која е таа, затоа што секој може да го прифати принципот на бхакти-јога и со тоа ќе го прифати Севишниот Господ, како срж и суштина на животот, како највисоко достигнување, најголема цел во животот... Мам хи партха вјапашритја је апи сјух, те апи јанти парам гатим (БГ 9.32), ( Секој кој ќе ја земе Мојата заштита...може да ја достигне Врховната дестинација - Моето врховно пребивалиште ). Тоа парам гатим, во духовното кралство и духовното небо, може да го достигне секој. Едноставно, личноста треба да го практицира системот. Тој систем е јасно назначен во Бхагавад Гита и една личност може да го прифати, правејќи го со тоа својот живот совршен, а со тоа обезбедувајќи трајно решение за проблемот на матерјално постоење. Тоа е срж и суштина на целата Бхагавад Гита. Затоа, заклучокот е дека Бхагавад Гита е трансцедентална литература, која што една личност треба да ја прочита многу внимателно. Гита-шастрам идам пунјам јаха патхет прајатаха пуман ( Ако личноста коректно ги следи упатствата од Бхагавад Гита, ќе биде ослободена од сите мизерии и стравови во овој живот, а нејзиниот следен живот, ќе биде духовен...). А резултатот, за оној кој правилно ги следи упатствата е таков, да тој биде ослободен од мизериите на животот, сите вознемирувања на животот. Бхаја-шокади-варџитаха. Да се ослободиме од сите стравови во овој живот и да осигураме духовно постоење во следниот живот ( Гита махатмјам 1 ). Гитадхјајана - шиласја пранајама - парасја ча наива санти хи папани пурва - џанма - кртани ча. Ако личноста ја чита Гита искрено и сериозно, тогаш со Милоста на Господ, реакциите на нејзините минати недела нема да влијаат на неа ( Гита махатмјам 2 ). Значи, дополнителната предност е дека, ако човек ја чита Бхагавад Гита, многу искрено и со сета своја сериозност, тогаш со милоста на Господ, реакциите од неговите минати недела, нема повеќе да влијаат на него.