MK/Prabhupada 0200 - Една ситна грешка ќе го уништи целиот процес
(Redirected from FR/Prabhupada 0200 - Една ситна грешка ќе го уништи целиот процес)
Lecture on CC Adi-lila 1.11 -- Mayapur, April 4, 1975
Целиот ведски систем е изграден на таков начин, што на крајот човек се спасува од овој ланец на раѓање, умирање, старост и болести. Во старо време, кога Вишвамитра Муни дошол кај Махараџа Дешаратха да го моли да му ги даде Рама и Лакшмана да појдат со него во гората зашто некој демон ги вознемирува... Тие можеле да го убијат, но тоа е работа на кшатриите. Ова е ведска цивилизација. Тоа не е работа за брахмани. Кога Вишвамитра Муни бил прв пат примен од Махараџа Дашаратха, aihiṣṭhaṁ yat punar-janma-jayāya, тој му рекол: „Вие велики мудреци, свети луѓе, се откажавте од општеството. Живеете сами во гората. Со каква цел?“ Целта е punar-janma-jayāya, да извојуваме победа над повторливото раѓање. Тоа е нашата цел. Нашето движење за свесност за Кришна ја има истата цел, punar-janma-jayāya, да извојуваме победа над повторливоста на раѓањето и смртта. Ова треба постојано да го имате на ум. Една ситна грешка ќе го уништи целиот процес, само една ситна грешка. Природата е многу јака. Daivī hy eṣā guṇamayī mama māyā duratyayā (БГ 7.14). Многу, многу јака. Сите вам, младичи и девојки што сте дојдени од Америка, многу ви благодарам што сте тука. Но, не попуштајте со сериозната работа. Останете многу сериозни. Друга работа што ќе ја побарам, особено од Американците, зашто Америка има потенцијал да го спаси светот, е да проповедате колку можете подобро во својата земја. Се разбира, нема сите да се интересираат, но ако успеете дел од вашите сонародници да ги убедите да станат свесни за Кришна, тоа ќе биде од голема добробит за целиот свет. Целта останува иста: punar-janma-jayāya: да се извојува победа над овој процес на раѓање, умирање и старост. Ова не е фантазија, туку факт. Луѓето не се сериозни. Но вие можете да ги образувате вашите сонародници, инаку, целото човечко општество ќе се најде во опасност. Луѓето се на ниво на животни...Особено комунистичкото движење е многу опасно - ги претвора луѓето во закоравени животни. Тие се веќе на ниво на животни, а ова движење ги прави закоравени животни.
Се обраќам на Америка зашто таа е против комунистичкото движење и може да му се спротивстави, бидејќи таа борба се води веќе многу, многу долго. Deva asura, devāsura, тоа е борбата меѓу полубоговите и демоните. Истата борба сега продолжува под друго име: Комунисти и капиталисти. Но и капиталистите се осумдесет проценти, деведесет проценти демони. Да, затоа што не ја познаваат науката за Бога. Тоа незнаење е демонски принцип. Сега ви е дадена добра шанса да ги убедите вашите сонародници да ги отфрлат тие демонски принципи. Тогаш ќе добијат вистинска моќ да се борат со демоните. Зашто, ако станеме деви...Дева значи Ваишнава. Viṣṇu-bhakto bhaved deva āsuras tad-viparyayaḥ. Посветениците на Господ Вишну се наречени деви, полубогови. А останатите...Останатите, и тие имаат некој бог. Тие особено го обожуваат Господ Шива, исто како демоните. Да го земеме Равана, на пример... Не обвинуваме никого без потреба. Равана бил голем демон, но бил посветеник...Луѓето го обожуваат Господ Шива за да добијат материјална добит. Во обожувањето на Вишну исто има материјална добит. Тоа е дадено од Вишну. Не е карма. Но, Ваишнавите не бараат никаква материјална добит. Материјалната добит сама доаѓа. Тие не ја посакуваат. Anyābhilāṣitā-śūnyam (Брс. 1.1.11). Материјалната добит не е цел на нивниот живот. Целта на нивниот живот е да го задоволат Вишну, Господ Вишну. Такви се Ваишнавите. Viṣṇur asya devataḥ. Na te...А демоните не знаат дека да се стане Ваишнава е најголемото совршенство во животот. Не знаат за тоа.
Нашето барање до сите вас млади луѓе што тргнавте по патот на Ваишнавизмот, е да ја искористите приликата да проповедате во вашата земја, дури и да не сте многу успешни во другите земји, ќе бидете успешни во својата земја. Таа има добар потенцијал. Дајте им на сонародниците моќ за да се борат против демонските принципи.
Ви благодарам многу.