MK/Prabhupada 0238 - Господ е добар, Тој е седобар
(Redirected from FR/Prabhupada 0238 - Господ е добар, Тој е седобар)
Lecture on BG 2.3 -- London, August 4, 1973
Значи „ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi na bhaved grāhyam indriyaiḥ“ (ЧЧ Мадја 17.136). Како обичниот човек може да го разбере ова однесување на Кришна ? Бидејќи поседуваат обични сетила, тие грешат. Зошто Кришна ? Дури и Кришниниот бхакта ( обожавател ), Ваишнава. Тоа е исто така наведено. „Vaiṣṇavera kriyā mūdra vijñeha nā bujhaya“ (ЧЧ Мадја 17.136). Дури и Vaiṣṇava ācārya, што тој прави, дури и најстручната интелигентна личност, не може да разбере, зошто тоа го прави. Затоа, не би требало да се обидуваме да ги имитираме авторитетите, туку мораме да ги следиме наредбите, налогот кој ни го дава повисокиот Авторитет. Тоа не е возможно. Кришна ја буди желбата за борба на Арџуна. Тоа не значи дека и ние тоа треба да го правиме, да ја будиме жарта/желбата, не. Тоа би било неморално. За Кришна, тоа не е неморално. Што и да Тој прави...Господ е добар, Тој е седобар. Ние тоа треба да го прифатиме. Што и да Тој прави, тоа е седобро. Тоа е една страна. А што и да правиме без налог на авторитет, тоа е лошо. Нему не му е потребна наредба од било кој. „Īśvaraḥ paramaḥ kṛṣṇaḥ“ ( БС 5.1). Нему не му се потребни било чии упатства. Што и Тој да работи, Тоа е совршено. Тоа е разбирање на Кришна. А не дека, јас ќе учам за Кришна, на свој сопствен начин. Кришна не подлежи на вашето испитување или на вашиот тест. Тој е над се. Тој е трансцедентален. Затоа, оние кои поседуваат трансцедентална визија, погрешно го разбираат Кришна. Тој, тука е директно привлечен.
- klaibyaṁ ma sma gamaḥ pārtha
- naitat tvayy upapadyate
- kśūdraṁ hṛdaya-daurbalyaṁ
- taktvottiṣṭha parantapa
- (БГ 2.3)
Parantapa е, овој збор, точно овој збор, се користи кога сакаме да кажеме: „Ти си кшатрија, ти си крал. Твојата работа е да ги казниш криминалците. Тоа е твојата работа. Не можеш да ги оправдаш криминалците". Претходно, кралевите биле такви. Самиот крал судел. Криминалецот бил доведуван пред кралот и доколку кралот мислел дека тоа е мудро, го земал својот меч и му ја отсекувал главата. Тоа била должноста на кралот. Дури не толку одамна, пред околу сто години во Кашмир, кралот, штом крадецот бил фатен и изведен пред кралот, а било докажано дека крадецот украл, лично кралот би му ги отсекол рацете, би му ги отцвикал. Пред само сто години. Така, сите останати крадци би биле предупредени „Ова е вашата казна". Така немало крадење. Немало кражби, ниту провали во Кашмир. Дури и кога некој, нешто изгубил на патот, тоа би лежело на патот. Никој не би го допирал. Наредбата била, кралската наредба била „Ако нешто лежи на улицата незгрижено, не смеето тоа да го допирате. Личноста која тоа го оставила, може да дојде и да собере се. Вие не смеете тоа да го земате". Пред само сто години. Значи, најголемата, капитална казна е потребна. Денеска капиталната казна е занемарена. Убијците не се обесени. Се е тоа грешка, се е раскалство. Убиецот мора да биде убиен. Без милост. Зошто убиец на луѓе ? Дури и животно убиец, треба веднаш да се обеси. Тоа е Кралство. Кралот мора да биде строг.