MK/Prabhupada 0008 - Кришна тврди 'Јас сум татко на сите'



Janmastami Lord Sri Krsna's Appearance Day Lecture -- London, August 21, 1973

Така, барем во Индија, сите големи личности, светци, мудреци и ачарји, го собрале духовното знаење убаво и во потполност, а ние не ја искористуваме предноста од тоа. Не е дека, тие шастри и упатства се наменети за Индијците или за Индусите или за брахманите. Не. Наменети се за сите. Затоа што, Кришна тврди: Шарва-јонешу каунтеја самбхаванти муртајаха јаха ташам махад брахма јонир ахам биџа-прадаха пита (БГ 14.4). Кришна тврди "Јас сум татко на сите." Поради тоа, Тој е многу нетрпелив да не направи мирни, среќни. На исти начин, како што таткото сака да го види својот син добро ситуиран и среќен; слично, Кришна сака да не види сите нас, среќни и добро ситуирани. Затоа, Тој повремено доаѓа. Јада јада хи дхармасја гланир бхавати (БГ 4.7). Тоа е целта на доаѓањето на Кришна. Така да, оние кои го служат Кришна, посветениците на Кришна, тие треба да ја предводат, мисијата на Кришна. Тие треба да ја предводат, мисијата на Кришна. Тоа Чеитанја Махапрабху рекол. Амара аџнаја гуру тара еи деша јаре декха, таре каха, Кришна упадеша (ЧЧ. Мадја 7.128). Кришна - упадеша. Само обидете се да го проповедате она што Кришна во Бхагавад Гита го рекол. Тоа е должноста на секој Индиец. Чеитанја Махапрабху вели. Бхарата-бхумите манусја џанма хаила јара џанма сартхака кари пара - упакара ( ЧЧ. Ади 9.41). Така, Индијците се наменети за пара-упакара. Индијците не се наменети, за експлоатирање на другите. Тоа не е Индиска работа. Индиската историја укажува/е наменета за пара-упакара. И некогаш, од сите страни на светот, луѓето доаѓале во Индија, за да учат што е духовен живот. Дури и Исус Христос дошол овде. И од Кина и од другите земји. Тоа е историја. А ние го забораваме нашиот сопствен имот. Толку многу сме груби. Толку, вредно движење, Свесноста за Кришна, се развива во цел свет, а нашите Индијци се груби, нашата Влада е груба. Тие не разбираат. Тоа е нашата несреќа. Но, тоа е и Мисијата на Чеитанја Махапрабху. Тој вели, секој Индиец, бхарата бхумите манусја џанма, доколку е човечко суштество, тој мора да го стори, својот живот совршен, искористувајќи го знаењето од Ведската литература и ширејќи го знаењето, сегде по светот. Тоа е пара-упакара. Тоа Индија го може. Тие всушност, тоа го ценат. Овие Европејци, млади момци од Америка, тие го почитуваат тоа... Јас, добивам многу писма дневно, во кои тие наведуваат, колкав придонес и добробит имале од ова движење. Всушност, тоа е факт. Тоа е како, давање на живот на мртви луѓе. Така, јас посебно ќе барам од Индијците, особено Неговата Екселенција, љубезно да соработуваат со ова движење и да се обидат да го направат, твојот и другите животи, успешни. Тоа е мисијата на Кришна, доаѓањето на Кришна. Ви Благодарам, многу.