MK/Prabhupada 0009 - Крадецот кој постана Посветеник

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Крадецот кој постана Посветеник
- Prabhupāda 0009


Lecture on SB 1.2.12 -- Los Angeles, August 15, 1972

Кришна вели во Бхагавад Гита: Нахам пракаша сарвасја јога-маја-самавритаха (БГ 7.25). "Јас не се откривам на сите. Јогамаја, јогамаја прекрива." Па, како може да го видите Бог? А и оваа расипаност се случува, да Ви велат "Можете ли да ми го покажете Господ? Дали сте го виделе Господ?" Бог постана како играчка. "Еве овде е Господ. Тој е инкарнација на Господ." На мам дускритино мудхаха прападјанте нарадхамаха (БГ 7.15). Тие се грешни, никаквеци, будали, најниска свесност на човештвото. Тие испитуваат, така: "Можеш ли да ми го покажеш Господ?" Какви квалификации си стекнал, за да го видиш Господ? Еве ги квалификациите. Кои се тие? Тач чрададхана мунајаха. Една личност, како прво мора да биде исполнета со верба. Лојален. Шрадханаха. Таа личност, мора да биде многу желна, да го види Бог, всушност. Тоа не може да биде склоност, несериозна работа, "Можете ли да ми го покажете Господ?" Магија, како да Бог е магија. Не. Таа личност мора да биде многу сериозна: "Да, доколку постои Бог... Ние сме го виделе, ние сме биле информирани за Бог. Јас морам да го видам." Има приказна, која е во склад со ова. Многу е поучна; обидете се да ја чуете. Еден професионален рецитатор, ја рецитирал Бхагавата и опишувал како Кришна, бивајќи многу накитен со дијаманти, бил пратен во шума, да ги чува кравите. Еден крадец, бил на таму. И помислил "Зошто да не одам во Вриндаван и да го ограбам ова момче? Тој ќе биде во шумата, со толку многу вреден накит. Јас можам да одам таму, да го фатам момчето и да му го земам целиот накит." Тоа била неговата намера. Тој, сериозно мислел "Јас морам да го најдам тоа момче. И така една ноќ, јас ќе постанам милионер. Толку многу украси. Не." Така, тој тргнал таму, со својата квалификација "Јас морам да го видам Кришна, Јас морам да го видам Кришна." Таа негова анксиозност, обземеност направила да е возможно, да во Вриндаван, тој го види Кришна. Го видел Кришна, на исти начин, на кој тој е опишан во Бхагавата. Тогаш, тој видел и рекол, "Ох, ох, ти си толку прекрасно момче, Кришна." И почнал да му ласка. Тој си мислел "Со ласкањето, јас ќе му го земам целиот накит". И кога го предложил, тоа што вистински го сакал, "Може ли да земам, неколку од твоите украси? Ти си толку богат." Кришна одговорил: "Не, не, не. Ти...Мојата мајка ќе биде многу лута. Јас не можам..." Кришна како дете. Тој/крадецот постанал се пожелен за Кришна. И тогаш...Поради дружењето со Кришна, тој постанал прочистен. А на крај, Кришна рекол, "Во ред, ти можеш да го земеш накитот." А тој веднаш, постанал посветеник. Поради дружењето со Кришна...

Всушност, на еден или друг начин, ние би требале да дојдеме во контакт со Кришна. На овој или оној начин. И тогаш ќе бидеме прочистени.