MK/Prabhupada 0010 - Не се обидувајте да го имитирате Кришна
Lecture on SB 7.9.9 -- Mayapur, February 16, 1976
Кришна...Овие 16000 жени, како постанале негови жени ? Вие ја знаете приказната, дека 16 000 многу убави жени, сакам да кажам, ќерки на кралеви, биле киднапирани од страна на асура. Кое е името на таа асура ? Бхаумасура, не ? Да. Тие се молеле на Кришна, велејќи "Ние толку страдаме, грабнати од овој нитков. Те молам, спаси не !" Така, Кришна дошол да ги спаси, Бхаумасура бил убиен, а сите девојки биле ослободени. Но, откако биле ослободени, тие сеуште тука стоеле. И Кришна ги прашал, "Сега можете да одите дома, кај Вашите татковци." А тие му одговориле "Ние бевме киднапирани/грабнати и сега веќе не можеме да се омажиме." Во Индија сеуште, тоа правило важи. Ако една девојка, млада девојка оди од дома, еден ден или два дена, никој нема да сака да се ожени со нејзе. Никој нема да ја ожени. Таа се смета дека е расипана. Тоа е сеуште систем во Индија. Тие биле грабнати толку многу денови или толку многу години, што му се пожалиле на Кришна, велејќи "Ние нема да бидеме прифатени ни од нашиот татко, ниту пак некој ќе се согласи да се ожени со нас." Тогаш Кришна заклучил дека "Нивната позиција е многу несигурна. И иако биле слободни, тие не можеле никаде да појдат." Тогаш Кришна...Тој е толку драг, бхакта-ватсала. Тој ги прашал, "Што сакате?" А тие одговориле "Ти прифати не нас. Инаку ние немаме каде да останеме." Кришна веднаш одговорил: "Да, дојдете." Тоа е Кришна. И не е дека Неговите шеснаесет илјади жени, биле ставени во камп. Тој веднаш изградил шеснаесет илјади палати. Бидејќи, Тој ги прифатил за жени, тие морале да бидат издржувани како Негови жени, и Негови кралици, а не тоа дека "Тие немале други средства, морале да дојдат во мојата закрила. Јас секако можам да ги имам." Не. Со најголемо почитување како кралици, Кришнини кралици. И повторно Тој помислил "Шеснаесет илјади жени... И ако останам сам, Моите жени не можат да ме сретнат. Секоја од нив, мора да чека шеснаесет илјади денови да го види својот сопруг. Не." Затоа, Тој се експандирал себеси во шеснаесет илјади Кришни. Тоа е Кришна. Овие ниткови, го обвинуваат Кришна, дека е женкарош. А тоа не е, како тебе. Ти не можеш да издржиш ни една жена, а Тој издржувал, шеснаесет илјади жени, во шеснаесет илјади палати, со шеснаесет илјади, негови експанзии. И сите биле задоволни. Тоа е Кришна. Ние мораме да разбереме, што е Кришна. Немојте да се обидете да го имитирате Кришна. Прво обидете се да го разберете Кришна.