MK/Prabhupada 0017 - Духовна енергија и Материјална енергија
Lecture on Sri Isopanisad, Mantra 1 -- Los Angeles, May 2, 1970
Така, две енергии работат во овој материјален свет: духовната енергија и материјалната енергија. Материјалната енергија значи овие осум видови на материјални елементи. Bhūmir āpo 'nalo vāyuḥ: (БГ 7.4) земја, вода, оган, воздух, небото, ум, интелегенција и его. Сите овие се материја. И слично, пофино, пофино, пофино, пофино, и поголемо, поголемо, поголемо. Исто како водата е пофина од земјата, потоа огнот е пофин од водата, потоа воздухот е пофин од огнот, потоа небото, или етерот, е пофин од воздухот. Слично, интелигенцијата е пофина од етерот, или умот е пофин од етерот. Умот... Знаете, имам дадено неколку пати пример: брзината на умот. Многу илјадници милји во секунда може да одите. Така, што пофин станува, тоа е помоќен.
Слично, во крајна линија, кога ќе дојдете до духовниот дел, пофин, од која сè зрачи, ох, тоа е многу моќно. Тоа е духовна енергија. Тоа е дадено во Бхагавад-гита. Што е тоа духовна енергија? Духовната енергија е оваа живо суштество. Apareyam itas tu viddhi me prakṛtiṁ pará (БГ 7.5). Кришна вели: "Овие се материјални енергии. Покрај тоа има друга, духовна енергија." Apareyam. Aparā значи понизок. Apareyam. "Сите овие опишани материјални елементи, тие се пониска енергија. И надвор од ова постои повисока енергија, драги Мој Арџуна".
Што е тоа? Jīva-bhūta mahā-bāho: "Овие живи суштества." Тие исто така се енергија. Ние, живите суштества, ние сме, исто така, енергија, но повисока енергија. Колку повисока? Бидејќи yayedaṁ dhāryate jagat (БГ 7.5). Повисоката енергија ја контролира пониска енергија. Материјата нема моќ. Голем авион, убава машина, лета во небото, направен од материјалните предмети. Но, освен ако не е таму духовната енергија, пилотот, тоа е бескорисно. Тоа е бескорисно. Илјадници години млазен авион, ќе остане на аеродром; тоа нема да лета, освен ако малите честички на духовната енергија , пилотот, доаѓаат и го допираат.
Значи, што е тешко да се разбере Бог? Толку обична работа, дека ако оваа огромна машина... Има толку многу големи машинерии, тие не можат да се движат без допир на духовната енергија, човечкото суштество или живото суштество. Како можете да очекувате дека целата оваа цела материјална енергија не работи автоматски или без никаква контрола? Како може да ги ставите вашите аргументи во овој контекст? Тоа не е возможно. Со тоа помалку интелигентната класа на луѓе, тие не може да разберат како оваа материјална енергија се контролирани од страна на Севишниот Господин.