MK/Prabhupada 0019 - Што и да слушнеш, ти треба да им кажеш на другите

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Што и да слушнеш, ти треба да им кажеш на другите
- Prabhupāda 0019


Jagannatha Deities Installation Srimad-Bhagavatam 1.2.13-14 -- San Francisco, March 23, 1967

Да претпоставиме дека ако сакате да ме запознаете или сакате да знаете нешто за мене можете да прашате некој пријател, "Ох, како е Свамиџи?" Тој може да каже нешто; друг може да каже нешто друго. Но, кога јас ќе ви се опишам себеси: "Ова е мојот став. Јас сум ова", тој е совршено. Тоа е совршено. Значи, ако сакате да знаете за Апсолутната Севишна Божествена Личност, не можете да шпекулирате, ниту медитирате. Тоа не е можно, бидејќи вашите сетила се многу несовршени.

Значи, кој е патот? Само да се слушне од Него. Па Тој љубезно дојде да ја каже Бхагавад-гита. Śrotavyaḥ: "Само обидете се да слушате." Śrotavyaḥ и kīrtitavyaś ca. (СБ 2.1.5). Ако вие едноставно слушате и слушате на предавањата за свесноста за Кришна, и одите надвор и да го заборавате тоа, ох, тоа воопшто не е пријатно. Тоа нема да ве подобри.

Тогаш што е? Kīrtitavyaś са: "Што и да слушнете, треба да го кажете на другите." Тоа е совршенството. Затоа го воспоставивме "Враќање кај Бог." На студентите им е дозволено, се она што го слушаат, тие мора да се внимателни и да го запишуваат. Kīrtitavyaś ca. Не само едноставно слушање. "О, јас слушам милиони години, сепак не можам да разберам" - затоа што не мантрате, не го повторувате она што сте го слушнале. Треба да се повторува. Kīrtitavyaś ca. śrotavyaḥ kīrtitavyaś ca dhyeyaḥ. И како може да пишувате или како може да зборувате, освен ако не мислите на Него? Вие слушате за Кришна; мора да размислувате, потоа може да зборувате. Инаку не. Па śrotavyaḥ kīrtitavyaś ca dhyeyaḥ и pūjyaś ca.

И треба да обожувате. Затоа се потребни Божества за обожување. Ние треба да мислам, ние треба да зборуваме, ние треба да слушаме, ние треба да обожуваме, pūjyaś ca... Тогаш, повремено? Не. Nityadā: редовно, редовно. Nityadā, ова е процесот. Така, секој кој го прифаќа овој процес, тој може да ја разбере Апсолутната Вистина. Ова е јасна изјава во Шримад-Бхагаватам.