MK/Prabhupada 0020 - Да се разбере Кришна не е така лесна работа



Arrival Lecture -- Miami, February 25, 1975

Да се ​​разбере Кришна не е така лесна работа.

manuṣyāṇāṁ sahasreṣu
kaścid yatati siddhaye
yatatām api siddhānāṁ
kaścid vetti māṁ tattvataḥ
(БГ 7.3)

Од многу илјадници, милиони луѓе, еден сака да го направи неговиот живот успешен. Никој не е заинтересиран. Практично тие не знаат што е, всушност, успех во животот. Во современата цивилизација, секој си мисли, "Ако добијам добра сопруга и убав автомобил и убав стан, тоа е успех." Тоа не е успех. Тоа е привремено. Вистински успех е да се излезе од канџите на Маја, значи овој материјално условен живот, кој опфаќа раѓање, смрт, старост и болест. Ние поминуваме низ многу видови на животи, а оваа човечка форма на живот е добра можност да се излезе од овој синџир на менување на телото еден по друг. Душата е вечна и блажена, бидејќи е дел од Кришна, Бог, sac-cid-ānanda, вечен, полн со блаженство, полн со знаење. За жал, во овој материјален, условен живот ние менуваме различни тела, но ние нема да се сместиме повторно во таа духовна платформа каде што нема раѓање, нема смрт. Таму нема наука. Пред некој ден еден психијатар дојде да ме види. А каде е вашето образование за разбирање на душата, својата уставна положба? Така, практично целиот свет е во мрак. Тие се заинтересирани на педесет, шеесет или сто години од овој век на живот, но тие не знаат дека ние сме вечни, блажени и полни со знаење, и поради ова материјално тело ние сме подложни на раѓање, смрт, старост и болест. И ова се случува постојано.

Така, Шри Чаитанја Махапрабху, со Неговата голема милост за паднатите души, се појави. Кришна доаѓа исто така. Но Кришна не е толку великодушен. Кришна прави услов "Најпрво треба да се предадете. Потоа јас ја преземам контролата над вас." Но Чаитанја Махапрабху е повеќе милостив од Кришна, иако Кришна и Чаитанја, се исти. Значи со милоста на Чаитанја Махапрабху ние така лесно го разбираме Кришна. Така Чаитанја Махапрабху е присутен тука. Вие Му се поклонувате. Тоа не е многу тешко. Yajñaiḥ saṅkīrtanaiḥ prāyair yajanti hi-su medhasaḥ. Kṛṣṇa-varṇaṁ tviṣākṛṣṇaṁ sāṅgopāṅgāstra-pārṣadam, yajñaiḥ saṅkīrtanam (СБ 11.5.32). Вие едноставно мантрајте ја Харе Кришна мантрата, и она што можете, понудете му го на Чаитанја Махапрабху. Тој е многу љубезни. Тој не се навредува.

Обожувањето на Радха-Кришна е малку потешко. Ние треба да Му се поклонуваме со голема стравопочит и почит. Но Чаитанја Махапрабху доброволно дојде да ги ослободи паднатите души. Со малку служба, Тој ќе биде задоволен. Тој ќе биде задоволен. Но, не е за занемарување. Затоа што Тој е многу љубезен и внимателен, тоа не значи дека ние треба да ја заборавиме Неговата позиција. Тој е Севишната Божја Личност. Значи ние треба да му понудиме многу големо почитување, и колку е можно... Но, предноста е во тоа Чаитанја Маахапрабху не презема никакви навреди. И да се обожува, да Му се угоди, е многу лесно. Yajñaiḥ saṅkīrtanaiḥ prāyair yajanti hi su medhasaḥ. Едноставно мантрајте ја Харе Кришна маха-мантрата и танцувајте, а Чаитанја Махапрабху ќе биде многу задоволен. Тој го воведе ова танцување и мантрање, и тоа е најлесниот процес за реализација на Бога. Така, колку што е можно... Ако е можно, дваесет и четири часа. Ако тоа не е можно, најмалку четири пати, шест пати, пееме Харе Кришна мантра пред Чаитанја Махапрабху, и ќе бидете успешни во вашиот живот. Тоа е факт.