MK/Prabhupada 0026 - Најпрво Сте Пренесени во Универзумот Каде Кришна Престојува
Morning Walk -- October 5, 1975, Mauritius
Индиец: Свамиџи, кажано е дека како што делуваме...така и добиваме раѓање во склад со нашите акции. Значи, ако сме сториле нешто, мораме да се родиме во склад со законот на Господ.
Прабхупада: Морате да се родите. Тоа е факт. Тоа не можете да го избегнете. Но, ти мораш да се родиш во склад со твојата карма.
Индиец: Дали тоа значи дека и ти плаќаш за она за што и сам си пишувал ? Дали мислиш дека...
Прабхупада: Замисли дека твојата маица е искината и дека мораш да купиш нова. Таа маица, можеш единствено да ја купиш во склад со своите можности. Ако добиеш добра цена, тогаш ќе ја купиш маицата. Ако немаш пари, тогаш ќе купиш лоша маица. Тоа е тоа.
Индиец: Сакав да го речам ова Свамиџи, дека пеколот постои и е на овој свет... инаку каде мислиш дека би можеле да го платиме нашиот долг ? Гревот, долгот за нашиот грев. Каде мислиш дека можеме да го платиме ? Во пеколот,..кој не е...
Прабхупада: Пеколот е местото за твоето казнување.
Индиец: Тоа значи дека е на самата планета земја ?
Прабхупада: Зошто на земјата ?
Индиец: Во внатрешноста на планетата земја ?
Прабхупада: Не, казната може да се изврши на...
Индиец: На било која планета ?
Прабхупада: Тоа место е оддалечено многу милиони километри од оваа планета.
Индиец: Тое не е лоцирано...? Дали пеколот е лоциран на едно место, а прада ( казната ) се извршува на некое друго место или...? Дали исто мислиш Свамиџи ?
Прабхупада: Да. Да. Постојат различни планети.
Индиец: Има многу луѓе кои страдаат во овој свет.
Прабхупада: Прво и прво, грешниците се тренираат на една од пеколните планети, а потоа доаѓаат на оваа, како би страдале на истиот ( пеколен ) стандард на егзистенција.
Индиец: Кога душата ќе го напушти нашето тело, дали оди во пекол или...?
Прабхупада: Оди на пеколните планети.
Индиец: Оди ли прво во пеколна хемисфера и дали се раѓа ( на Земјата ) директно после тоа ?
Прабхупада: Да, оние кои се многу грешни, не се раѓаат веднаш. Прво се на одредена пеколна планета каде живеат страдајќи, како би се навикнале да страдање, а потоа се раѓаат, како би продолжиле со страдањето. Тоа е исто како полагањето на правен испит. После полагањето постанувате помошник на судијата, па потоа понатаму учите. И на крај ве унапредуваат во студиите и магистрирате. Дури и да сте подобен за да се вратите дома кај Врховниот Бог, прво ќе бидете пренесени во... материјалниот универзум каде Кришна е присутен, како постепено би се навикнале. А дури тогаш заминувате на вистинската планета, Голока Вриндаван.
Индиец: Затоа, после нашата смрт...
Прабхупада: Се што уредил Господ, се е совршено. "Pūrṇam. Pūrṇam adaḥ pūrṇam idaṁ pūrṇāt pūrṇam.." (Ишопанишад, Увод). Се што е створено од Господ, се е совршено.