MK/Prabhupada 0032 - Се што Требав да Кажам го Кажав во Моите Книги

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Се што Требав да Кажам го Кажав во Моите Книги
- Prabhupāda 0032


Arrival Speech -- May 17, 1977, Vrndavana

Прабхупада: Не сум во состојба да говорам. Се чуствувам многу слаб. Требав да посетам некои места вклучувајќи го и програмот Чандигарх, но ги откажав, затоа што состојбата на моето здравје, се влоши во голема мерка. Затоа и претпочитав да дојдам во Вриндаван. И ако смртта ме затекне, тогаш нека биде тука. Инаку, нема никакви други новитети. Се што имав да кажам, го кажав во моите книги. Сега тоа обидете се да го сфатитет и само продолжете во таа насока. Дали сум присутен или не сум, тоа воопшто не е важно. Како што Кришна живее вечно, слично и живото суштество живее вечно. Но „kīrtir yasya sa jīvati“: „Оној кој извршил служба за Господ, тој живее вечно“. А, вие сте едуцирани како да го служите Кришна и со Кришна, ќе живеете вечно. Нашиот живот всушност е вечен. „Na hanyate hanyamāne śarīre“(БГ 2.20). Исчезнувањето на ова привремено тело не е важно. Телото и е наменето да исчезне. „Tathā dehāntara-prāptiḥ“(БГ 2.13). Затоа, живејте вечно служејќи го Кришна. Ви Благодарам многу.

Посветеници: Џаја!