MK/Prabhupada 0043 - Бхагавад Гита е Основниот Принцип
Lecture on BG 7.1 -- Sydney, February 16, 1973
Прабхупад:
- (mayy āsakta-manaḥ pārtha)
- yogaṁ yuñjan mad-āśrayaḥ
- asaṁśayaṁ samagraṁ māṁ
- yathā jñāsyasi tac chṛṇu
- (БГ 7.1)
Ова е стих од Бхагавад Гита, како да развиеме Свесност за Кришна или Свесност за Бог. Бхагавад Гита, поголемиот дел од нас го слушнал ова име, на оваа книга. Тоа е многу читана книга на знаење, насекаде низ светот. Практично, во секоја земја во светот, постојат многу изданија, на Бхагавад Гита. Значи, Бхагавад Гита е основниот принцип на нашето движење за свесност за Кришна. Она што го шириме како свесност за Кришна, тоа е единствено Бхагавад Гита. Не значи дека ние нешто сме создале. Свесноста за Кришна постои од постанувањето на креацијата, но посебно во последните пет илјади години, кога Кришна бил присутен на оваа планета, Тој лично подучувал Свесност за Кришна, а инструкциите/упатствата кои останале после него се Бхагавад Гита. За жал, оваа Бхагавад Гита била злоупотребувана на многу начини, од страна на таканаречените научници и свамија. Имперсоналистите или атеистите, ја интерпретирале Бхагавад Гита на свој сопствен начин. Кога бев во Америка во 1966 год., една американска госпоѓа ме праша да и препорачам Англиско издание на Бхагавад Гита, како би можела да ја чита. Но искрено, јас не можев да препорачам ни едно издание, поради каприциозните објаснувања, која се наоѓале во нејзе. Тоа ми даде подстрек да ја напишам Бхагавад Гита Каква Што е. И ова сегашно издание, Бхагавад Гита Каква Што е, е испечатена од компанијата Мекмилан, најголем издавач во светот. И оди многу добро. Во 1968 год. објавивме мало издание на Бхагавад Гита Каква Што е. Се продаваше, како ништо друго дотогаш. Менаџерот за продажба на компанијата Мекмилан рече дека нашата книга се продава се повеќе, додека на другите им опаѓа продажбата. Неодамна, во оваа 1972 год. го објавивме комплетното издание на Бхагавад Гита Каква Што е. Компанијата Мекмилан однапред издаде педесет илјади копии, а тоа се продаде за три месеци и затоа сега подготвуваат второ издание.