MK/Prabhupada 0044 - Служба Значи Почитување на Наредбите на Учителот
Lecture on BG 4.1 -- Montreal, August 24, 1968
Тоа значи дека тој ги следи Кришнините упатства. И тоа е се. Тој не мисли „Јас ќе бидам, непријател на Кришна“. Постои принцип, кој тој го следи. Ако Кришна каже: „Ти ќе постанеш Мој непријател“, тогаш можам да постанам негов непријател. Тоа е бхакти јога. Да. Јас сакам да го задоволам Кришна. На ист начин, како што господарот го замолува слугата „Удри ме овде“, а тој тоа го прави. Тоа се нарекува служба. Другите може да видат „Ох, тој удира“ и тој мисли „Јас служам?“, „Што е ова? Тој удира“. Но, господарот тоа го сака, вели „Удри ме“. Тоа е служба. Служба значи да ги почитувате наредбите на господарот. Не е битно, што е тоа. Постои еден одличен пример од животот на Господ Чеитанја. Тој имал свој личен слуга Говинда. Откога, Господ Чеитанја частел прасадам, после него и Говинда би частел. Еден ден, Господ Чеитанја, откога частел прасадам, легнал на прагот. Како се нарекува? Праг? Врата? Пат за вратата. Говинда Го прескокнал. Говинда ги масирал Неговите нозе, кога Тој се одмарал. Така Говинда го прескокнал Господ Чеитанја и Му ги масирал нозете. Господ Чеитанја спиел и да речеме после половина час, кога Се пробудил, видел „Говинда, ти сеуште не си частел прасадам?“ „Не, Господине“. „Зошто?“ „Не можам да Ве прескокнам. Вие лежите овде“. „А, како дојде тука?“ „Дојдов преку Вас“. „Ако првиот пат си дошол преку мене, зошто повторно не си ме прескокнал?“ „Првиот пат дојдов да Ве служам. А сега не можам да Ве прескокнам, како би частел прасадам“. „Тоа не е моја должност. Тоа е за мене, а ова е за Вас“. Значи, за Кришниното задоволство можете да постанете Негов непријател, можете да постанете Негов пријател, можете да постанете било што. Тоа е бхакти јога. Затоа што вашата цел е да го задоволите Кришна. И секогаш кога ќе дојдете до точка, да ги задоволувате своите сопствени сетила, истиот момент доаѓате во материјалниот свет.
- kṛṣṇa-bahirmukha hañā bhoga vāñchā kare
- nikaṭa-stha māyā tāre jāpaṭiyā dhare
- (Према-Виварта)
Кога ќе го заборавиме Кришна и сакаме да правиме работи за задоволување на своите сетила, тоа е маја. А штом ќе се откажеме од овој процес на задоволување на сопствените сетила и ќе сториме се за Кришна, тоа е ослободување.