MK/Prabhupada 0046 - Немојте да Постанете Животно - Делувајте Спротивно
Morning Walk -- May 28, 1974, Rome
Јогешвара: Пред да си замине, Бхагаван ми остави листа на прашања. Може ли да ти поставам неколку?
Прабхупад: Да.
Јогешвара: Еден проблем кој се почесто се јавува е проблемот на појавување на терористи или како би рекле, луѓе кои се мотивирани од некои политички, воглавном политички причини.
Прабхупад: Да, веќе го објаснив целиот основен принцип. Затоа што се животни, понекогаш свирепи животни. Тоа е се. Животни, постојат различни видови животни. Тигрите и лавовите се свирепи животни. Но, вие живеете во животинско општество. Во животинското општество и некое друго животно доаѓа, како многу свирепо, тоа и не е толку неверојатно. На крај на краеви, вие живеете во животинско општество. Затоа, постанете човечко суштество, идеал. Тоа е единственото решение. Веќе изјавивме дека ова е животинско општество. Ако се појави некое свирепо животно, каде постои тука изненадување? Затоа што, на крај на краеви, ова е животинско општество. Било да дојде тигар или слон, тие се животни. Но, вие немојте да постанете животно. Делувајте спротивно. Тоа е потребно. Човечкото суштество се нарекува рационално животно. Потребно е да дојдете до рационалност. Ако бидете уште едно животно, друг вид на животно, тоа нема да ви помогне. Вие всушност треба да постанете вистинско човечко суштество. Но, „durlabhaṁ mānuṣaṁ janma tad apy adhruvam arthadam“(ШБ 7.6.1).
Тие луѓе немаат цел во животот. Што е целта на човечкиот живот..., тие тоа не го знаат. Така, нивните животински склоности се прилагодуваат на овој начин, на оној начин, она овој начин, на оној начин. Исто како, кога одат да видат гол танц. Животински склоности, тој секој ден ја гледа својата сопруга гола, но сепак оди да гледа гол танц и да плати за тоа. Затоа што тие немаат ништо што би ги преокупирало сем анимализам. Зар не? Која е целта да се оди да се гледа друга жена гола? Секој ден, секоја ноќ ја гледаш својата сопруга гола. Поради што...Затоа што ништо друго не ги преокупира. Животни. „Punaḥ punaś carvita-carvaṇānām“ (ШБ 7.5.30). Како едно куче, кое не знае што е вкус. Тој едноставно ја жвака својата коска на овој начин, на оној начин, на овој начин, на оној начин. Затоа, што е животно. Нема што друго да го окупира. Ова цело општество е животинско. Особено западњаците. И тие развиле цивилизација на основа на животинските склоности, што значи „Јас сум ова тело и најдобар начин да го искористам овој живот е да ги задоволам сетилата“. Тоа е животно. „Јас сум ова тело“. Тело значи сетила. „А задоволувањето на сетилата е најголемо совршенство“. Тоа е нивната цивилизација.
Затоа, треба да бидете представник на вистинска човечка цивилизација. Не би требало да сте изненадени ако се појават животни во различен облик и со различни можности. На крај на краеви, тој е животно. Основниот принцип е анимализам. Затоа што тој размислува: „Јас сум ова тело...“. Како што кучето мисли „Јас сум куче, многу робусно и силно куче“, така некој друг човек мисли: „Јас сум припадник на голема нација“. Но, што е основниот принцип? Кучето исто така го базира своето размислување на своето тело и таа голема нација исто така го базира своето размислување, на своето тело. Затоа, нема разлика помеѓу тоа куче и таа голема нација. Единствената разлика е дека човечкото суштество, како поклон на природата, има подобри сетила. Но, тој нема моќ или не постои едукација, со која би можел да создаде подобри сетила и да дознае како духовно да напредува и да замине од овој материјален свет. За тоа не поседува сетила. Тој едноставно своите сетила ги користи за анимализам. Тоа е значењето. Тој нема образование како да создаде подобра интелигенција. Затоа, само ја користи за анимализам. А луѓето, насекаде низ светот, кога ќе видат западњаци, велат: „Тие се напредни“. Што е тоа ? Напредност во анимализам. Основниот принцип останува анимализам. Се изненадуваат. И имитираат. Затоа го шират тој анимализам, животинска цивилизација. Затоа, ние треба да делуваме спротивно на тоа, за добробит на човечката цивилизација.