MK/Prabhupada 0049 - Ние сме Врзани од Страна на Законите на Природата



Arrival Talk -- Aligarh, October 9, 1976

Ова санкиртана движење е славно. Тоа е благослов од Шри Чеитанја Махапрабху. „Paraṁ vijayate śrī-kṛṣṇa-saṅkīrtanam“. Ова е неговиот благослов: Во ова време тоа е санкиртаната. Тоа е потврдено во Ведската литература, во Веданта - сутра. „Śabdād anāvṛtti“. Anāvṛtti, ослободување. Нашата сегашна состојба е врзаност. Ние сме врзани со законите на природата. Ние можеме будалесто да тврдиме дека сме независни - тоа е нашата глупост, но всушност сме врзани со законите на природата.

prakṛteḥ kriyamāṇāni
guṇaiḥ karmāṇi sarvaśaḥ
ahaṅkāra vimūdhātmā
kartāham...
(БГ 3.27).

Ние сме врзани од законите на природата, но оние кои се будалести, vimūdhātmā, со лажен престиж, таквите личности мислат дека се независни. Не. Но не е така. Тоа е погрешно разбирање. Тоа погрешно разбирање, треба да биде исчистено. Тоа е целта на животот. Затоа, Шри Чеитанја Махапрабху препорачува ако ја мантрате Харе Кришна маха мантрата, тогаш вистинската востоличена добробит е „ceto-darpaṇa-mārjanam“ (ЦЦ Антја 20.12), чистење на срцето. Затоа што погрешното разбирање е внатре во срцето. Ако срцето е чисто, свеста е чиста и тогаш нема погрешно разбирање. Затоа, оваа свест треба да биде исчистена. И тоа е првото востоличување на резултатот од мантрањето Харе Кришна. „Kīrtanād eva kṛṣṇasya mukta-saṅga paraṁ vrajet“ (ШБ 12.3.51). Едноставно со мантрањето Кришна, Кришнасја, светото име на Кришна, Харе Кришна. Харе Кришна, Харе Рама, тоа е исто. Рама и Кришна, нема разлика. „Rāmādi-mūrtiṣu kalā-niyamena tiṣṭhan“ (БС. 5.39). Тоа е потребно. Сегашната состојба е погрешното разбирање дека „Јас сум производ на оваа материјална природа, „Јас сум ова тело“. „Јас сум Индиец“, „Јас сум Американец“, „Јас сум брахмана“, „Јас сум кшатрија“, итн...итн. Толку многу наименувања. Но, ние не сме ниедно од нив. Тоа е чистењето. „Ceto-darpaṇa“. Кога јасно сфаќате дека „Јас не сум Индиец“, „Јас не сум Американец“, „Јас не сум брахмана“, „Јас не сум кшатрија“, значи „Јас не сум ова тело“ тогаш свеста ќе биде „ahaṁ brahmāsmi“. „Brahma-bhūtaḥ prasannātmā na śocati na kāṅkṣati“ (БГ 18.54). Тоа е потребно. Тоа е успешен живот.